Македонија
Џамбаски се разболе или предомисли, па како европратеник не дојде во Скопје
Ангел Џамбаски вчера не дојде во Скопје како дел од мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, чиј член е европратеникот Џамбаски.
Џамбаски инаку е на таканаречената црна листа на граѓани Бугари на кои им е забранет влез во земјата поради навреди и омаловажувања кон македонскиот народ. Сепак, ова се однесува на приватни посети, но не и како дел на официјални делегации.
„Ако овие луѓе сакаат да дојдат во Македонија како дел од делегацијата на Европскиот парламент, тие се секогаш добредојдени. Меѓутоа, ако доаѓаат приватно, без разлика кои се нивните мотиви и без разлика дали се пратеници во Европарламентот, не може да им се дозволи влез“, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Џамбаски за недоаѓањето беше правдан со настинка.
И европратеникот Андреј Ковачев не е добредојден во приватна посета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во недела, на ден 16.06.2024 година, поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Љубица Георгиева бр.3, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Љубица Георгиева. ( општина Карпош )
-поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. Девол – крак 2 и Девол – крак 11, како и ул. 1010 б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектите без вода ќе останат корисниците од ул. Девол, Девол – краци – 2 и 11, ул. 1010, како и дел од корисниците одул. Жданец. ( општина Карпош )
Македонија
Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива
Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтернатива.
Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.
На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.
„Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и потпретседателка на Алтернатива“, стои во соопштението.
На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“, соопштија од партијата.
Македонија
Лифт потиснал и заробил куче, го спасија пожарникари од Прилеп
Центарот за управување со кризи информира за несекојдневна ситуација во Прилеп каде пожарникари спасиле куче заглавено во лифт.
„Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ ‘Кочо Рацин’. Интервенирано е со едно возило и двајца пожарникари“, велат од Центарот за управување со кризи.