Македонија
Џафери: Влогот во образованието е влог за европска иднина на младите, за просперитет и напредок на државата
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, го посети Универзитетот во Тетово и во Ректоратот имаше средба со ректорот, проректорите и сенатот на Универзитетот. Потоа премиерот Џафери го посети и студентскиот дом во Тетово кој од ноември минатата година веќе е ставен во функција и во кој во оваа академска 2023/2024 година престојуваат околу 300 студенти.
„Денеска сум тука, во посета на Универзитетот во Тетово, кој во изминатите 29 години докажа дека знае да создава стручни и образовани кадри, високо етаблирани во сите сегменти на општеството. Но, државниот универзитет немаше да биде комплетен без заложбите на Владата за изградба на студентскиот дом, во кој од ноември минатата година престојуваат околу 300 студенти. Студентскиот дом Тетово е најновиот студентски државен дом во нашата земја, и со него е остварена долгогодишна потреба на студентите кои студираат на Универзитетите во Тетово. Тоа е студентски дом кој ги исполнува сите современи стандарди за квалитет. Опремен e со нов инвентар и може да се каже дека овој студентски дом е најмодерниот во државата. Целиот проект чинеше 243.200.000 денари или речиси четири милиони евра“, рече Џафери.
Како што додаде, тетово со овој студентски дом веќе има комплетен универзитетски кампус, а државниот универзитет може да понуди комплетна услуга за академските граѓани.
„Сигурен сум дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Создавањето на стручни и образовани кадри кои ќе се надградуваат овде, во нашата држава и своето знаење ќе го преточат во обезбедување позитивни промени тука во државата, е наш врвен приоритет. Пред нешто повеќе од три години, Владата за првпат воведе субвенциониран оброк за студентите, како и нови категории на студентски стипендии. Студентски оброк добиваат околу 30.000 студенти, а студентски стипендии добиваат 6.500 студенти. Студентите се опфатени и со новиот пакет антикризни мерки. Околу 11.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање добиваат ваучер за превоз, за што се предвидени околу 2 милиони евра од буџетот“, истакна Џафери.
Според него, подобрувањето на квалитетот на живот на студентите во земјава останува приоритет, и за тоа се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.
„На крајот на минатата година беше потпишан договорот за реновирање и реконструкција на сите студентски домови во државата, етапно, почнувајќи од Стив Наумов и Кузман Јосифовски Питу, а потоа и другите. Влогот во квалитетно образование е најдобрата инвестиција која што можеме да ја направиме за сите нас. Дали ќе имаме просперитет и напредок во државата зависи од тоа како ќе ги едуцираме младите во неа. Тие со својот придонес се нашиот основен капитал за раст и развој на државата. Нема да дозволиме тој наш капитал да се одлева надвор, преку границите. Државата сме сите ние заедно, и затоа, секој од нас треба да го даде својот максимум за просперитет, раст и развој дома. Сите заедно да бидеме креатори на позитивните промени во општеството“, заврши Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

