Македонија
Џафери во Белград се сретна со иранскиот колега Ардешир Лариџани
Во рамките на 141. собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври во Белград, претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со претседателот на иранскиот парламент, Али Ардешир Лариџани.
Претседателите Џафери и Лариџани изразија задоволство од реализирањето на првата билатерална средба меѓу претседателите на парламентите на Република Северна Македонија и Исламската Република Иран во рамките на овој значаен мултилатерален форум.
Претседателот Талат Џафери посочи дека економските односи меѓу Северна Македонија и Иран се далеку под можностите за реална економска соработка иако се создадени предуслови за нејзина диверзификација. Тој нагласи дека договорната состојба е солидна, со склучени осум договори и спогодби, но потребно е да се направат дополнителни напори за да се надминат пречките во економската соработка. Истовремено, Џафери укажа дека постои простор за унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и исламскиот парламент на Иран, како и културната соработка меѓу двете земји, во согласност со договорот за културна соработка.
Претседателот на Собранието, Џафери, информира за актуелните состојби во врска со евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, односно очекувањата за добивање датум за почнување на пристапните преговори со Европската Унија и за интегрирањето во НАТО како триесетта земја членка на алијансата.
Лариџани ја истакна важноста за почнување поинтензивен дијалог меѓу Исламската Република Иран и Република Северна Македонија, особено во доменот на економската соработка. Со цел унапредување на економските односи и проширување на соработката меѓу двете земји во полето на индустријата, земјоделството и рударството, според Лариџани, неопходно е најпрвин да се разрешат банкарските прашања. Следниот чекор би бил проширување на соработката меѓу стопанските комори. Тој оцени дека либерализацијата на визниот режим меѓу Иран и Северна Македонија не треба да биде ограничен само на носителите на дипломатски и службени пасоши, туку треба да се прошири за сите граѓани. Претседателот на иранскиот парламент посочи дека ќе му даде инструкции на министерот за култура на Иран да ја следи состојбата со спроведувањето на договорот за културна соработка. Исто така, Лариџани изрази интерес за напредокот што го постигна Република Северна Македонија во разрешувањето на отворените прашања со соседите.
На крајот од средбата беше истакнато значењето на парламентарната дипломатија во унапредувањето на билатералните и мултилатералните односи, политичкиот дијалог и динамизирањето на севкупната соработка меѓу земјите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

