Македонија
Џафери на конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, учествува на 16. конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива во Будва, Црна Гора. Во оваа регионална иницијатива, формирана во 2000 година, членуваат: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Грција, Република Италија, Црна Гора, Република Србија и Република Словенија. Република Северна Македонија стана член во мај 2018 година.
Со конференцијата претседаваше претседателот на собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ, во својство на домаќин и актуелен претседавач со парламeнтарната димензија на Иницијативата на претседателите на парламентите на земјите членки. На почетокот на состанокот беше поздравено членството на Република Северна Македонија како нова членка во Јадранско-јонската иницијатива и беа упатени честитки за постигнување на договорот со Република Грција за надминување на билатералниот спор. Според дневниот ред на конференцијата, учесниците дебатира во две сесии, и тоа за туризмот и културата како заедничка насока, предност и стратешко определување на државите на Јадранско-јонската иницијатива и за парламентарните тела како значаен ресурс за зајакнување на соработката во приоритетните области на државите членки на Иницијативата. Претседателот Џафери се обрати на втората сесија. Во рамките на конференцијата претседателот Џафери оствари неколку билатерални средби со своите колеги од регионот. На средбата со домаќинот, претседателот на парламентот на Црна Гора, Иван Брајовиќ, беше изразена надеж дека соработката во регионалната иницијатива ќе биде успешна и дека ќе се идентификуваат проекти од регионален карактер кои треба да ја поддржат интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
На средбата со потпретседателката на италијанскиот Сенат, Паола Таверна, и со потпретседателот на италијанскиот Претставнички дом, Еторе Росато, беше изразено уверување дека Италија ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон полноправно членство во Европската Унија, како и очекувањето дека протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО ќе биде ратификуван во двата дома во Република Италија кон крајот на март и почетокот на април имајќи предвид дека веќе е почната дебатата по ова прашање.
На крајот на конференцијата беше усвоена заедничка изјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

