Македонија
Џафери: Вечерва нема да има седница за одложување на пописот

Пописот вечерва нема да се одложи затоа што ќе нема пленарна седница во Парламентот, за ова преку соопштение извести и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Во писменото соопштение Џафери вели дека иако во текот на целиот ден настојувал за усогласување на ставовите на сите политички партии, сепак таков договор не бил постигнат договор.
„И покрај моите целодневни настојувања за усогласување на ставовите на сите политички чинители во насока на постигнување договор и одржување на двете седници на кои би се изгласале предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година и предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, чијшто рок нагласувам дека истекува вечерва во 24:00 часот, не се постигна договор. Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија изразија готовност за одржување на седниците, освен Алијанса за Албанците и Алтернатива. За понатамошниот тек ќе бидете информирани дополнително за време на утрешниот ден“, стои во писмената изјава на Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.