Македонија
Џафери од Арачиново: До здраво општество од најраната возраст на идните генерации
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја посети Општина Арачиново. Премиерот Џафери ја посети градинката „Фатосат”, каде имаше свое обраќање, а потоа го посети Основното училиште „Абдил Фрашери“ во Арачиново.
„Задоволство е да се биде денес овде. Ова е во фаза на она што е моја дневна активност, покрај активностите во Кабинетот. Ние сме должи да сме со граѓаните, а не затворени таму, во канцеларија. Основна работа ни е да бидеме во комуникација, директна и ваква со граѓаните и одблиску да ги гледаме потребите. Задоволство е што имам можност да ги видам овие предуслови овде коишто се наменети за најмилите, најмладите, коишто од мали нозе ќе имаат можност да прават разлика што е убаво, што е добро, и тоа секако ќе влијае и врз нивниот интегритет и градењето на нивната личност, оттука, па се до ситуација кога ќе дојде да бидат полнолетни. Оттука се гради практично перцепцијата за обврските кои ќе следат во време кога ќе се нафатат на тие обврски. Сега за сега, немаат обврски. Штом ќе почнат да одат во школо, почнуваат нивните грижи и обврски и оттука, честито на сите. На шега ќе кажам дека ова е поубав објект од тој во Куманово што беше, иако и таму беше убаво. Моментално сме во најубавиот објект“, рече Џафери и додава:
„Честитки на децата, на родителите. Секако и родителите ќе бидат поспокојни, знаејќи дека децата ги оставаат во соодветни услови, во соодветна грижа, и особена почит секако за екипата која ќе се грижи за овие деца овде, тие кои се ангажирани, така што, тие имаат особена почит. Почит поради работата која ја вршат. Не е лесна работа. Најтешка работа е да се работи со децата кога ќе треба да се соживеете со нив“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“. СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“. Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“. Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.

