Контакт

Македонија

Спасовски: Граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните, ја разбирам грижата на граѓаните, наше е да гарантираме постапката да заврши до крај

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, а во врска со случајот на Клиниката за онкологија и за најавениот протест, потенцира дека граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните. Притоа тој рече:

dobivaj vesti na viber

„Граѓанскиот протест е најголемо демократско и неприкосновено право што го имаат граѓаните. Прво, сакам да изразам убеденост во грижата на граѓаните поради тоа што сите ние сме, прво, граѓани, па сè друго, и сме сериозно загрижени, особено за случувања што имаат директно влијание врз човечките животи. Од тој аспект сметам дека сосема оправдана е грижата на секој граѓанин на државата, наше е да обезбедиме и да гарантираме дека постапката ќе заврши до крај, кој и да било да згрешил, мора да носи одговорност, таа да биде брза и ефикасна и на тој начин да помогне вакви случувања да немаме во иднина„, истакна министерот Спасовски.

Македонија

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Објавено пред

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата, не им дозволи на министрите со автомобил да стигнат до работните места и од улица им кажаа дека бараат минималната плата да се зголеми на 600 евра, а сите останати да се зголемат за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов објасни дека бројката на работници кои блокираат денес намерно е зголемена, ѝ даде нов рок на Владата,  до крајот на февруари да ги зголеми платите и да спречи генерлен штрајк кој би се случил во првата половина на март доколку и понатаму се игнорираат барањата на работниците.

dobivaj vesti na viber

„Денеска тука дојдовме тројца луѓе повеќе, 24, затоа што 24 министри во Владата уживаат на грбот на 540 илјади работници. 24 министри во Владата на деншната седница во Владата треба да предложат измени и дополнувања на Занокот за минимална плата ако сакаат да бидат за работниците. Да се зголеми минималната плата на 600 евра и да се зголемат сите останати плати за разликата од претходната минимаплан палата“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој потсети на аргументите со кои минатата година токму во Владата бараа зголемување на минималната плата на седниците на Економско – социјаниот совет. ССМ укажа дека на секоја една затворена команија се отвораат две нови, дека бројот на вработени од последното покачување на минималната плата во 2022 година е зголемен и дека работникот со плата од 24.379 денари му заработува на газдата месечно 290 олјади денари односно дека работникот добива само 17 % од колачот.

Трендафилов денес пред Владата најави продолжување на блокадите, но не во Скопје туку во градовите од кои доаѓаат функционерите.

„Во наредниот период не исклучуваме ваквите таргетирани протести со 21 човек на улица, за да не ги заокружуваат, да не ги оцрнуваат луѓето и за да не им се закануваат, да продолжат и по градовите, по потреба. Таргетирани градови каде што ќе предизвикаме функционерите и таму да не можат да се движат или да доаѓаат пешки на работа, онака како што доаѓаат денеска, како што доаѓаа пред некој ден, како што доаѓаа и пред една недела. Оставаме простор до крајот на месец февруари да седнат, да се договорат и да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се спремни да ги зголемат сите останати работнички плати затоа што веќе немаат апсолутно никакви аргументи“, рече претседателот Трендадфилов.

Синдикатите се подготвени повторно на маса да ги изнесат сите аргументи за зголемување на платите но сметаат дека е крајно несериозно за една држава на ваквите барања на синдикатите владините претставници да се потсмеваат и да кажуваат дека тие сметаат дека минималната плата треба да биде 600 евра, па од таа причина, работниците се на улица.

„Ако до крајот на февруари не се договорат и не разговараат за зголемување на минималната и на сите останати плати, следува генерален штрајк, со генерален работнички протест во неработно време, на кој ќе бидат повикани сите работници. Ќе обезбедиме превоз, за да нема изговор. Тоа ќе биде во првата половина на март, затоа што март е месецот кога треба да се утврди висината на минималната плата“, порача претседателот на ССМ Трендафилов од блокадата пред Владата и ги повика министрите на денешната седница сериозно да разговараат за барањата на работниците.

Блокадите не ги исплашија министрите како пратениците кои минатата недела, кога беше блокирано Собранието, на работа дојдоа порано од вообичаено. Министрите кои до блокадите дојдоа со автомобил, полицијата ги пренасочи и им кажа дека ќе мораат да продолжат пеш, а многумина се појавија без автомобили.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеа авион до Ниш

Објавено пред

Од

Заев и Филипче летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп, ДУИ користеа авион до Ниш – времето на злоупотреба на државни ресурси заврши, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати, велат од владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

„СДС повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија. СДС без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации. Јавноста добро памети дека Заев и Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ пак, владиниот авион го користеле и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка во сред пандемија. Заев и Филипче наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинија дека Заев и Филипче ги злоупотребувале државните ресурси, имајќи предвид дека едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали.

„СДС наместо демагогии и лаги, да понудат идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата. Врeмето на недомаќинско работење како во времето на СДС заврши. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните.“, пишува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски на министерски состанок за Коридорот 8 во Тирана

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.

dobivaj vesti na viber

На состанокот ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија2 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија2 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ2 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија3 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија4 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија5 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија5 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет6 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет6 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет6 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа7 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа8 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа8 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет8 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ18 часа

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...

Македонија19 часа

ССМ утре од 11 часот ќе ја блокира Владата: Ќе донесеме и одлука за генерален штрајк, видовме дека на маса не нè слушаат

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) утре во 11 часот со 21 работник ќе ги блокира влезовите во Владата оти...

Македонија23 часа

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР....