Контакт

Македонија

1ТВ од вчера престана да емитува програма

Објавено пред

По своја иницијатива 1ТВ, чиј неформален сопственик беше Бојан Јовановски – Боки 13, од вчера престана да емитува програма. Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, доколку телевизијата не емитува програма во наредните 30 дена, ќе ѝ биде одземена дозволата за работа.

Кога Бојан Јовановски беше уапсен за случајот „Рекет“, вработените заминаа на колективен одмор, но неколку дена подоцна продолжија да емитуваат програма.

1ТВ беше отворена минатата година во март. Сопственик на телевизијата е фирмата БМЈ Медиа груп, каде што како сопственици се јавуваат Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Интервју/Дебата

(ИНТЕРВЈУ) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

Објавено пред

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата за проширувањето на ЕУ (state of play), Италија е решена повторно да го почне процесот на проширување со продолжување на дискусијата и одржување на темата на врвот на европската агенда во поглед на позитивни одлуки во првата половина на 2020 година.

Поддршката за државата од италијанска страна е несомнена – претседателот Стево Пендаровски престојуваше во официјална посета на Италија, а неколку дена претходно премиерот Зоран Заев беше во официјална посета на својот колега Џузепе Конте. Официјалниот став на Италија останува непроменет по француското „не“ за отворање пристапни преговори со Северна Македонија.

Ова во интервју за „Макфакс“ го тврди италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, кој, посочувајќи ги и основните слабости во реформите, истакнува дека сепак и од С. Македонија и од Албанија биле побарани храбри реформи и тешки одлуки, па оттаму разбирливо е дека треба да се отвори јасен пат за да се наградат направените напори.

Дали очекувате Вашата иницијатива да го врати прашањето за проширување повторно на европската маса?

Како што изјави италијанскиот премиер Конте, одлуката на Европскиот совет од октомври повторно да се одложи отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија беше историска грешка. Италија ќе стори сè за да ја поправи оваа грешка и ќе гарантира за заложбата на ЕУ за реална и кредибилна европска интеграција на тие земји да може да се реализира. За ова прашање, Италија отсекогаш имала цврст и постојан став.

Политиката за проширување, која е фундаментална политика на ЕУ, не заврши со октомврискиот Европски совет. Италија сака повторно да го отвори процесот. Подготвени сме исто така да ги разгледаме начините на преговарачкиот механизам врз основа на еден предлог на Комисијата и да се соочиме со конструктивен дух за начини за подобрување кои може да бидат поставени од сите земји членки, но тоа не треба, според наше мислење, да се претвори во изговор за бесконечно одложување на процесот на пристапување нови членки, кој сам по себе е веќе долг процес. Односно, ние ќе продолжиме да работиме со Комисијата и со другите земји на ЕУ за надминување на сегашните поделби и за создавање соодветни и заеднички услови за да се постигне што е можно побргу позитивна одлука за отворање на преговорите за пристапување, со надеж тоа да биде во првата половина на 2020 година.

Иницијативите од италијанска страна се конкретни: како што споменавме – средбите во Рим, првата на премиерот Заев, и потоа, по само една недела, на претседателот на Републиката, Пендаровски, за време на кои премиерот Конте и претседателот на Републиката, Матарела, ја потврдија на највисоко ниво силната италијанска поддршка за легитимните европски и атлантски аспирации на Северна Македонија. Покрај тоа, по иницијатива на Италија, Советот за општи работи на 19 ноември ќе расправа за прашањата за проширувањето на ЕУ (state of play).

Ќе продолжиме да работиме за надминување на сегашните поделби за да се постигне што е можно побргу позитивна одлука за отворање на преговорите, со надеж тоа да биде во првата половина на 2020 година

Ставот на Италија за почнување на пристапните преговори со Тирана и Скопје останува дека овие две земји не треба да се раздвојат во процесот на пристапување, па сметате ли дека реформите се еднакво добри и во двете држави?

Секако. Во овој поглед ги споделуваме позитивните оценки, кои Комисијата ги формулира веќе две години по ред. На Европскиот совет во октомври огромното мнозинство држави на ЕУ, вклучително и Италија, беа за почнување пристапни преговори со Скопје и Тирана. Од друга страна, ова е патот избран од Европската комисија и другите тела на Унијата од 2018 година. И од двете држави беа побарани храбри реформи и тешки одлуки: затоа е разбирливо дека треба да постои јасен пат за да се наградат направените напори.

Кои се Вашите аргументи за поддршка на Северна Македонија пред верувањата на Франција дека реформите не се спроведени и дека постојат индикации за слабости, особено во реформите во судството?

Како што беше кажано претходно, за Италија беше и е правилно да се награди Северна Македонија со почнување преговори за сè што е направено досега. Ова е заеднички напор: земјите кандидатки и потенцијалните земји кандидатки мора да ги спроведуваат реформските процеси за да бидат во согласност со стандардите на ЕУ и да се усогласат со основните вредности на ЕУ (како владеење на правото и независноста на судството) и со нејзините политики во разни сектори; зависи од нас да го сториме својот дел во вистинско време давајќи им соодветно признание на оние што постигнале резултати, од кои некои се важни како во случајот со Скопје.

ЕУ не смее да не ги исполни своите обврски, би бил ставен во прашање нејзиниот кредибилитет. Во Северна Македонија сторено е многу и правилно е тоа да се признае иако останува уште да се работи, особено во фундаменталната област на владеењето на правото, независноста на судството, слободата на медиумите и борбата против корупцијата и организираниот криминал; на крајот, во спроведувањето на реформите. Колку повеќе се работи (и добро), толку подобро.

Независноста на судството и постојаната борба против корупцијата – е од основно значење за иднината на земјата

Дали мислите дека големите корупциски скандали, кои беа откриени непосредно пред одлуката за доделување датум за членство во ЕУ, имале негативно влијание врз одлуката? И, мислите ли дека довербата во судството во Северна Македонија ќе се врати?

Искрено, не мислам така. На Европскиот совет во октомври оценката за она што досега Северна Македонија го направи и желбата да се награди земјата со почнување на преговорите беа речиси едногласни. Сепак, потоа преовладаа други логики, сите во внатрешноста на ЕУ. И за такви одлуки – да потсетам – потребна е едногласност на земјите членки.

Како што реков претходно, продолжувањето на овие реформи и политики, пред сè, независноста на судството и постојаната борба против корупцијата – е од основно значење за иднината на земјата. Реформите се клучни не само со цел еден ден да се влезе во ЕУ, туку тие се она што сите македонски граѓани го очекуваат за подобрување и зајакнување на демократските институции на државата и за општествен и економски развој.

Италија во повеќе наврати истакна дека земјите од Западен Балкан долго време се приоритет на италијанската надворешна политика, која има цел да ги интегрира во ЕУ нудејќи им можност за економски развој, политичка и општествена стабилност во регионот. Ако не се добие датумот, дали Европската Унија ризикува да ги мотивира земјите од Западен Балкан да се насочат кон исток (Русија)?

Како што споменав претходно, во односите со земјите од Западен Балкан, Италија отсекогаш имала многу доследна позиција: Балканот претставува област со приоритетен интерес. Од раните 2000 години ние сме меѓу првите земји, ако не и апсолутно првата земја, која зборува за европската перспектива на регионот, кога многумина – да потсетам – се двоумеа да го сторат тоа. Верувам дека и денес, односно, пред сè, денес, далекосежната визија на Италија за улогата на регионот и неговата иднина во ЕУ останува силен и валиден конкретен предлог и покрај многуте тешкотии. Како што неодамна изјави премиерот Конте, чувствуваме итност да им дадеме соодветни одговори на легитимните аспирации на балканските земји, кои се европски земји и се чувствуваат европски.

Целта на Италија е да ја приближи Северна Македонија (и другите земји од регионот) што е можно поблиску до Брисел за да се постигне – кога ќе се исполнат условите – полноправно членство во ЕУ. Безбедност, политичка стабилност, реформи за владеење на правото и правдата, борба против корупцијата, борба против верскиот фундаментализам, миграциските феномени, општествен и економски раст: ова се заедничките стратешки приоритети за кои сите мора да работиме заедно – земјите на ЕУ и земјите во регионот.

Всушност, и покрај длабокото разочарување од октомврискиот Европски совет, претставниците на институциите и на сите политички партии во Северна Македонија потврдија дека европската интеграција е единствената можна алтернатива и процентот на граѓани што се за влез на земјата во ЕУ останува многу висок. Ова е многу охрабрувачко, но ЕУ не смее да разочара и мора да биде веродостојна во својата заложба кон интеграцијата. Ние сакаме заложба од страна на ЕУ, а не недостиг од неа.

Италија не стравува од можноста за неконтролирана миграција од Северна Македонија и Албанија во земјата?

За време на миграциската криза 2015-2016 година, беше јасно дека Северна Македонија е земја на Транзит по т.н. балканска рута. Од друга страна, Италија, поради својата географска положба и соодветноста на нејзината територија (долг отворен полуостров во центарот на Медитеранот), е една од главните дестинации за мигрантите што сакаат да пристигнат во Европа. Токму од оваа причина Италија отсекогаш барала поголема солидарност во напорите од другите земји на ЕУ и миграциска политика на ЕУ, која ќе биде заедничка и прифатлива за сите. И од оваа причина важно е да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија за земјата да се вклучи сè повеќе и повеќе и да соработува цврсто во областа на миграциските политики.

Советот за општи работи оваа недела може да претставува прва корисна можност за зараснување на фрактурите кои се појавија во октомври

На редовниот состанок на Советот за општи работи, кој ќе се одржи во вторник на 19 ноември, предвидена е дискусијата за прашањето за пристапување (за добивање датум) за Северна Македонија?

Како што споменавме порано, Италија е решена повторно да го почне процесот на проширување со продолжување на дискусијата во секоја можност во Брисел и одржување на темата на врвот на европската агенда во поглед на позитивни одлуки во првата половина на 2020 година.

Всушност, токму по италијанска иницијатива, Советот за општи работи од 19 ноември ќе расправа за прашањата за проширувањето на ЕУ. Се работи за дискусија за тековната состојба (state of play) по Европскиот совет во октомври и нема да се одреди датум за почнување на преговорите.

Но, важно е затоа што, како Италија, веруваме дека Советот за општи работи оваа недела може да претставува прва корисна можност за зараснување на фрактурите кои се појавија во октомври канализирајќи го дијалогот кон конструктивен пристап ориентиран кон отворање преговори со Скопје и Тирана.

Како Италија го гледа преспанскиот договор со кој се заврши речиси тридеценискиот спор меѓу двете земји?

Без да ризикуваме, да бидеме реторични – преспанскиот договор е историски договор кој не само што стави крај на долгиот билатерален спор меѓу Северна Македонија и Грција туку претставуваше и претставува еден од најдобрите примери во последните години за мирно решавање на споровите меѓу соседни држави, кој може да донесе стабилност во нивните земји и Балканскиот Регион и конкретни перспективи за развој вклучувајќи го и економскиот развој, и тоа благодарение на европските интеграции. Договор што може да биде корисен за регионот, кој, како и Европа, има потреба од позитивни примери.

За што разговараа италијанскиот премиер Џузепе Конте и премиерот Зоран Заев за време на нивната средба во Рим? Дали поканата дојде веднаш по француското вето?

Веднаш по октомврискиот Европски совет, премиерот Конте го покани премиерот Заев во Рим да ја потврди во ова тешко време силната италијанска поддршка охрабрувајќи ја Владата во Скопје да ги продолжи напорите преземени во реформите.

Северна Македонија има право да го почне својот пат кон членството во ЕУ, а Италија ќе гарантира посветеност кон овој процес. Премиерот Конте испрати јасна порака до народот на Северна Македонија за да се спречи обземувањето од чувство на неизвесност и разочарување: „Италија ве поддржува“.

За време на средбата меѓу двајцата премиери беше истакната и извонредноста на билатералните, политичките, економските и на културните односи. Целокупната размена помеѓу двете земји во последните години забележува двоцифрен раст (речиси 615 милиони евра во 2018 година), веќе во пораст во првите шест месеци од 2019 година и со сè уште многу простор за зајакнување на економско-трговската соработка и италијанските инвестиции. Големо отворање на локалниот пазар за италијански компании, кои може да инвестираат во инфраструктурата, енергетиката, животната средина и одбраната.

На крајот, премиерот искажа особена почит за промовирањето на италијанскиот јазик и култура во Северна Македонија, на пример, со можноста италијанскиот јазик да се изучува како втор странски јазик по избор во локалните училишта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време со можност за дожд попладне

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а наместа умерен ветер од југоисточен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Како што додаваат од таму, во текот на денот облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи и со засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува, во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва се сретна со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, придружуван од амбасадорот на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.

На средбата се поздравени успешните политики на МВР и на Владата во делот на јакнење на капацитетите и соработката со ЕУ за справување со илегалната миграција и за направените безбедносни реформи. Констатирано е дека нашата држава ги исполни бараните стандарди од ЕУ и порачано е нашата држава да го задржи лидерството во реформскиот процес. Пренесена е пораката дека Република Северна Македонија ја има поддршката од Европската комисија, која потврди дека нашата држава заслужува отворање на преговарачкиот процес.

На средбата заеднички е констатирано дека европските интеграции се важни како за стабилноста на нашата земја така и на регионот.

„Работиме на спроведувањето на реформите и очекуваме да бидат вреднувани постигнатите резултати како дома така и во добрососедските односи. Почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ ќе овозможи проширување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата, што ќе има резултати и на регионално ниво“, рече премиерот Заев.

На состанокот, претседателот на Владата, Заев, му се заблагодари на европскиот комесар Аврамопулос за изразената поддршка за напредокот и интеграциските перспективи на Република Северна Македонија.

Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос е во Скопје за дводневниот министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на финското претседателство со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата5 минути

(ИНТЕРВЈУ) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Европа34 минути

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет15 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија16 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија18 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија21 час

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија21 час

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија22 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија22 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет24 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија1 ден

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија1 ден

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија2 дена

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа2 дена

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет2 дена

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Досие