Македонија
10 милиони евра грант за пречистителна станица во Скопје
Забрзувањето на европските интеграции носи позитивни економски резултати. Вчера, на самитот на „Економист“ во Скопје, регионалниот директор на ЕИБ, Матео Ривелини, најави дека ѝ се доделува грант од 10 милиони евра на Република Северна Македонија за пречистителна станица во Скопје.
Парите наменети за пречистителната станица доаѓаат во време кога земјава ја очекува одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија, што се толкува како потврда за реформскиот процес во економскиот сектор.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев на панелот на „Економист“ ја посочи недвосмислената заложба дека Владата нема да отстапи од патот на реформите и владеење на правото како гаранција за сигурност на стопанството и инвестициите.
„Стремежот на секоја влада е раст и развој на економијата, а тоа е возможно само доколку се обезбедат стабилноста на државата и владеењето на правото преку што се обезбедува сигурност во направените инвестиции. Со веќе извесното полноправно членство во НАТО и очекуваната препорака за почнување на преговорите за членство во ЕУ, се обезбедува потполна политичка стабилност на Северна Македонија, која ќе се рефлектира со дополнителни позитивни резултати во економијата и повисок животен стандард на граѓаните“, изјави Анѓушев, кој посочи дека токму за да може инвеститорите да чувствуваат сигурност во нивните инвестиции, Владата го донесе Законот за финансиската поддршка на инвестициите, со што е овозможено транспарентна и еднаква поддршка на домашните и странските инвеститори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

