Македонија
Отворен едукативен центар за Јава програмери

Со почетокот на работата на првиот авторизиран едукативен центар за Јава обуки во Македонија ќе се зголеми бројот на ИТ професионалци од оваа област
Со почетокот на работата на првиот авторизиран едукативен центар за Јава обуки во Македонија ќе се зголеми бројот на ИТ професионалци од оваа област.
Како резултата на соработката со SUN Microsystems, Семос едукација доби дозвола за одржување едукативни тренинзи за Јава програмери, кои на крајот на обуката ќе добијат сертификат, по многу пониска цена од оние во другите земји како Унгарија и Велика Британија.
Македонија се здоби со статус на регионален понудувач на овие тренинзи, а отворени се центри и во Албанија и во Косово. Од Семос најавуваат отворање центри и во Србија, Хрватска и Бугарија.
„Јава обуките за регионот ќе значат зголемување на бројот на комплетните програмери кои ќе го користат Јава програмскиот јазик, а со тоа и зголемување на дефицитарниот кадар од областа“, рече Валентина Тасева директорка на Семос.
Семос едукација како партнeр на Sun Misrosystems ќе испорачува тренинг програми и сертификација на индивидуалци, бизниси, национални институции и секаде каде е потребно да се зајакнат стратешките ресурси на организациите и луѓето./крај/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.