Македонија
СДСМ бара интерпелација на Маневски

Пратеничката група од СДСМ денеска до претседателот на Собранието Трајко Велјановски поднесе интерпелација за работата на министерот за правда Михајло Маневски.
Пратеничката група од СДСМ денеска до претседателот на Собранието Трајко Велјановски поднесе интерпелација за работата на министерот за правда Михајло Маневски.
Од СДСМ велат дека во последниве четири години Маневски целосно ја загрозил независноста на судството.
„Маневски исклучиво се стави во директна и непосредна заштита на криминалот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“, рече пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова.
Таа рече дека последици од четиригодишното министерување на Маневски, се континуирано деградирање и руинирање на судскиот систем преку постојани политички притисоци, дисквалификации и партизации, срамни напади врз Уставниот суд, незаконско трошење на 200 илјади евра народни пари, недокументирано трошење на 1,2 милиони евра кои што се утврдени од Државниот ревизор.
„Маневски инсталира непотизам во судството, незаконски примаше и плата и пензија, 20 години узурпира 400 квадратни метри државно земјиште што не ги плати“,потенцираше Иванова.
Опозицијата му замерила на министерот Маневски за како што рече Иванова постојаното негирање извештаи, анкети и оценки на меѓународни и домашни релевантни институции за состојбите во правосудниот систем во Македонија и за катастрофалните услови во затворите.
„Маневски е неподобен да ја извршува функцијата министер за правда бидејќи нема ниту професионален ниту личен интегритет за тоа. Најголемата реформа на судството ќе биде токму смената на министерот за правда Михајло Маневски“, заклучи Иванова.
Пратениците од СДСМ изразија очекување дека за интерпелацијата ќе имаат поддршка и од останатите опозициски пратенички групи.
На прашањето дали пресуден момент за одлуката за интерпелацијата била вечерашната најава од Маневски за носење закон за Уставен суд Иванова истакна интерпелацијата била подготвена од претходно, но таквата најава била „капак на се“. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Локални избори: На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци.
Барањата се поднесуваат писмено до ДИК, по електронска пошта или преку месните канцеларии, а решенијата се носат во рок од 24 часа.
Заклучно со 9 септември, увид извршиле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 мажи и 2332 жени. Осум лица поднеле барање за запишување во Избирачкиот список, 136 за бришење, а 59 за промена на податоците, најчесто поради промена на адреса или презиме.
Изборната кампања за Локалните избори почнува на 29 септември, а гласањето ќе се одржи на 19 октомври.
Македонија
Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.
Македонија
Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот град се чувствува силен непријатен мирис, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Соопшти дека и вечерва продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла, а ќе бидат дополнително засилени рано наутро.
За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, најави Ангелов.
Преходно денес беше соопштено дека пожарот на депонијата „Дрисла“ се гасне со затрупување на најкритичните делови.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е потпален, а како причина за тоа ги наведе физичките процеси на распаѓање на отпадот, кога се ослободува метан – штетен гас кој е лесно запалив, поради што Мицкоски вели дека е доволен само еден отпушок за да се предизвика пожар.
Граѓаните од главниот град вечерва се жалат на миризбата надвор која им предизвикува отежнато дишење. Ситуацијата, според мерните станици, особено е алармантна вечерва во Аеродром и во Ново Лисиче.