Македонија
Можно ли е годинава производство на биогориво од тутун?
Минатата година не само што имаше рекордно производство на тутун, туку задоволуваше и квалитетот на тутунот, поради што и откупните цени беа повисоки.
Минатата година не само што имаше рекордно производство на тутун, туку задоволуваше и квалитетот на тутунот, поради што и откупните цени беа повисоки. Новиот закон за пушење со кој што од први јануари се забранува пушење на сите јавни места во земјава, не треба да ги обесхрабрува производителите на тутун во земјава. Истражувањето на професорот Душко Боцевски, кое почна од 2003 година и се уште трае, годинава треба да стане реалност и од тутунот да почне да се произведува биогориво.„Од оваа година мислиме да почнеме со плантажно производство, во Скопје има заинтересирана фирма која ги изработи студиите“, вели Живко Тасевски, од Сојуз на здруженија на тутунопроизводители.Постојат предрасудите дека тутунот е билка која се користи само како суровина за цигари. Но тутунот има и други потенцијали кои ги користат фармацевтската и хемиската индустрија. Биогоривото би се произведувало од нови сорти на тутун. Три типа веќе се одвоени и од нив за производство на алтернативното гориво ќе се користи стеблото, листот и цутот.Кај стандардните сорти на тутунот кои се одгледуваат во Македонија приносот на семе по еден хектар изнесуваат од 500 до 1.500 килограми. Во експериментите од страна на професорот Боцевски приносот на семе по една билка достигна и до 242 грама. Ова истражување е единствено од овој тип во светот.За овој патент професорот Боцевски добил втора светска награда./ крај/тера/нч/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

