Македонија
СДСМ- ЕЛЕМ е виновен за состојбата со Охридското езеро
Главен виновник за поплавите е лошото управување со водите на Охридското езеро од страна на Електрани Македонија (ЕЛЕМ), претпријатие кое е во целосна државна сопственост и
Главен виновник за поплавите е лошото управување со водите на Охридското езеро од страна на Електрани Македонија (ЕЛЕМ), претпријатие кое е во целосна државна сопственост и управувано од луѓе поставени од Владата.
Со вакво обвинување денеска излезе новиот член на СДСМ, Атанаско Туневски и ја обвини Владата за обид за замајување на јавноста.
Минатата година во јануари имаше повеќе врнежи одошто во јануари оваа година. Годинава со помалку врнежи нивото на езерото е 23 сантиметри над максимално дозволената кота на Охридското езеро- и ги оцени како невистините изјавите на премиерот Гуревски дека состојбата со езерото е природна непогода.
АД ЕЛЕМ е единствено надлежен за управување со овие води, коишто претпријатието ги користи за производство на електрична енергија во ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпиље. За жал, одговорните во АД ЕЛЕМ направиле голема грешка во планирањето на производството на овие две хидроцентрали. Наместо во периодот октомври-декември 2009 година да произведат струја колку што можеле, тие одлучиле да не произведуваат струја и водата во езерото останала на високо ниво-обвини Туневски./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

