Контакт

Македонија

Зградата до поранешна „Југобанка“ наскоро ќе се реновира

Објавено пред

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги посети станарите од зградата до поранешна „Југобанка“, на кои им вети дека ќе го санира оштетувањето од паѓањето на долната конструкција и дека ќе изнајде начин за долгорочно решавање на проблемот.

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги посети станарите од зградата до поранешна „Југобанка“, на кои им вети дека ќе го санира оштетувањето од паѓањето на долната конструкција и дека ќе изнајде начин за долгорочно решавање на проблемот.

„Значи на краток рок она што може да им го ветам на станарите на зградата е дека Владата ќе ги обештети за штетата што е настаната на покривот на зградата“, рече Ставрески.

Тој додаде дека ќе им биде обезбедено обештетување за финансиската штета и дека ќе им се исплати она за што тие самите платиле да се поправи.

„На долг рок можам да кажам дека ќе преземеме мерки и за санирање на кровот да не се повтори истата работа и воедно можам да кажам дека Министерството за финансии конечно ќе ја обнови оваа зграда, односно ќе ја доизгради“, истакна Ставрески.

Тој рече дека тендерот за изградба на зградата и проектирање е веќе објавен.

„На почетокот на април ќе биде завршен тендерот. Септември или октомври ќе почнеме со изградба на зградата и еднаш засекогаш да го решиме и прашањето на безбедноста, но и прашањето на довршувањето на оваа зграда“, вели Ставрески.

Штетата е околу четири илјади евра, меѓутоа се уште не е официјално потврдена сумата со документи од градежната фирма,  кои треба биде доставени до министерството за финансии./крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Мицкоски да каже за кои структури од Бугарија одработува

Објавено пред

Хистеријата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е на штета на државата и на сите граѓани, да каже за кои структури од Бугарија одработува, велат од владејачкиот СДСМ.

„Губитникот Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже за кои туѓи интереси одработува, со кои структури во Бугарија соработува кога, на она срамно дефиле пред малубројните поддржувачи пред Владата рече дека има ‘информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија’. Викендот помина, државата остана цела, Мицкоски не одговори кој му ја дал информацијата дека Македонија, наводно се распарчува и зошто нешто толку опасно не пријавил кај надлежните институции. ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.

Хистеријата што ја шири Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ.

Слично се однесуваше и за потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги дека македонскиот идентитет е загрозен за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен. Граѓаните знаат кој го штити македонскиот идентитет, а кој им штети на државните и национални интереси и затоа ДПМНЕ и Мицкоски уште долго ќе бидат во опозиција“, наведува СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дождливо и постудено, температурата ќе се искачи до 10 степени

Објавено пред

Претпладне ќе биде значително облачно, во утринските и претпладневните часови ќе има повремен слаб дожд, на некои повисоки места и на планините слаб снег, а можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Ќе дува умерен по должина на Повардарието засилен северен ветер. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно, во утринските и претпладневните часови ќе има повремен слаб дожд, на околните планини слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Снег на Попова Шапка и Страцин

Објавено пред

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без проблем во сообраќајот.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2021 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион34 минути

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион47 минути

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет58 минути

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија1 час

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија13 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет16 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија17 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија18 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија21 час

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија22 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија22 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет23 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион23 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа1 ден

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа1 ден

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија2 дена

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Досие