Македонија
Стечајци: Груевски не игнорира 363 дена
Пред точно 363 дена, стечајците доставиле барање до македонската владата, во кое предлагаат таа да отпочне постапка за социјален дијалог и да најде начин за решавање на нивниот статус, но до денес немаат добиено одговор.
Пред точно 363 дена, стечајците доставиле барање до македонската владата, во кое предлагаат таа да отпочне постапка за социјален дијалог и да најде начин за решавање на нивниот статус, но до денес немаат добиено одговор.„Жалосно е и срамно што Груевски не игнорира, и се уште не нема посетено. Се чувствуваме како да сме некоја друга, второкласна категорија на граѓани на оваа држава,“ изјави Љиљана Георгиевска, дел од стечајците кои протестираат за решавање на нивниот статус.Според претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија Драган Јовановски, не држат тезите на Премиерот дека стечајните работници се од приватни компании. На денешната прес конференција тој достави записник од 45-тата седница на Управниот одбор на Агенцијата на Македонија за приватизација одржана на 10.12.2001 година, кога Министер за финансии беше Премиерот Никола Груевски. Според Јовановски, во записникот е наведено дека членови на тој управен одбор за приватизација биле: Васил Ефтимов, Ламбе Арнаудов, Агрон Салиу, Адем Исаку и Борче Сибиновски и тие на дневниот ред направиле програма за финансиска консолидација и сопствена трансформација на фирмите: Славија-Скопје; Полог-Тетово; Братство-с. Желино, Тетово, а исто така продавале акции и удели од Топлификација – Скопје; Окитекс- Скопје; Сервис- Скопје; Балкан- Кавадарци; Млекарство со кооперација- Куманово и Трговија- Куманово. „Овие фирми веќе не постојат но луѓето се живи. Дел од овие стечајци што сега бараат решавање на нивниот статус е од овој временски период. На власт тогаш беше Груевски и затоа тој не може да кажува дека овие стечајци се стечајци на некој друг“, изјави Јовановски.Стечајците веќе неколку месеци бараат средба со Премиерот Никола Груевски и решавање на статусот на стечајните работници и технолошкиот вишок. Секој од нив бара 100 евра месечно за покривање на најосновните трошоци за живот. /крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Македонија
Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Нивното истражување покажува дека:
– Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
– ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.
– Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.
– Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.
– Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.
– Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.

