Македонија
Потребен е реципроцитет во изучувањето на јазиците на заедниците
Потребен е реципроцитет во изучувањето на јазикот на другата етничка заедница, констатираа учесниците во дебатата „Двојазичноста и проблемите во образованието во Македонија“ што се одржа на УЈИЕ во Тетово.
Потребен е реципроцитет во изучувањето на јазикот на другата етничка заедница, констатираа учесниците во дебатата „Двојазичноста и проблемите во образованието во Македонија“ што се одржа на УЈИЕ во Тетово.
Учесниците во денешната дебата заклучија дека одлуката на Владата за воведување на македонскиот јазик за првoодделенците Албанци е избрзана.
Академик Али Алиу смета дека јазиците на другите етнички заедници треба реципрочно да се изучуваат. Тој додаде дека штетата е направена бидејќи децата веќе се инволвирани и дека треба да поминат години за да се репарираат последиците од ваквата одлука.
Професорот Елена Андреевска, член на Европската комисија за борба против дискриминација, смета дека Владата прво требала да го подготви теренот за оваа одлука, но и дека треба да биде свесна за последиците.
Вероника Карева, директор на Јазичниот центар на УЈИЕ смета дека во изучувањето на не мајчин јазик најважен е пристапот.
„Кога се воведува изучување на друг јазик треба да се внимава на пристапот и тоа да биде преку игра, песнички, а не веднаш со граматика“, нагласи Карева и додаде дека од голема важност е и подготвеноста на наставникот и користењето на современи, а не традиционални форми на образование.
Според Карева, воведувањето на албанскиот јазик во македонските паралелките треба да започне од порана возраст, особено во етнички мешаните средини./крај/сс/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

