Македонија
ЦУК: Стагнира нивото на Охридското езеро
Нивото на Охридското езеро денеска непроменето во однос на вчерашниот ден, со што бележи тридневна стагнација на водостојот.
Нивото на Охридското езеро денеска е непроменето во однос на вчерашниот ден, со што бележи тридневна стагнација на водостојот.
Локалните реки кои се влеваат во езерото и денес бележат опаѓање на нивото, а преку портите на Црн Дрим во Струга се испуштаат 60 метри кубни во секунда.
Заради најавите од УХМР дека кон крајот на неделата се очекуваат нови врнежи од дожд, Координативното тело на Владата за справување со последиците од излевањата на денешниот состанок донесе мерки кои ќе бидат во функција на превенција.
Во селото Пештани, охридско, екипи на ЈП Македонија пат ќе поставуваат дополнителни камени насипи во најниските делови од крајбрежјето, додека тимови на Дирекцијата за заштита и спасување во критичните делови на Охрид и Струга ќе поставуваат вреќи со песок.
Активностите ќе се спроведуваат во соработка со локалните самоуправи.
Езерото Глобочица бележи намалување на нивото за два сантиметри споредено со мерењето од вчера, а преливот е намален за 9 сантиметри.
Дебарското езеро е стабилно и се овозможува испуст на водата, додека нивото на реката Радика која се влева во него е со намален водостој./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

