Македонија
Цигарите диктираат дали да се прославува денот на жената

„Законот за забрана од пушењето би можел да влијае врз осмомартовската забава, но интересот и покрај економската криза е во рамките на очекуваното“.
„Законот за забрана од пушењето би можел да влијае врз осмомартовската забава, но интересот и покрај економската криза е во рамките на очекуваното“.
Ова го велат битолските кафанџиите кои веќе ги натокмија менијата и цените за влезници за денот на жената кој очекуваат да почне да се слави од шестти март.
„ Во секој случај забавата малку се нарушува имаме страсни пушачи кои излегуваат надвор па се вклучуваат во забавата во секој случај законот е закон клиентите го почитувааат се надеваме дека забавите ќе поминат во најдобар ред“, вели Николче Трпеновски од ресторан Капри.
Припадничките на понежниот пол со поделени мислења некои ќе го прославуваат, некои нема.
Битолчанки велат дека им пречи тоа што неможат да пушат во угостителските објекти и дека празникот на жената ќе го прослават дома, а како подарок би сакале да добијат цвеќе.
Декорирано, режано, холандско, саксиско, суво, свежо секакво и од секој вид цвеќе е застапено низ цвеќарниците, зошто е најчест подарок на овој ден.
„ Не цените се исти некогаш нудиме и попусти зависно каде, очекуваме дека ќе има зголемување на прометот, битолчани имаат стил и секогаш подаруваат цвеќе.“- вели Анета Риџановска од цвеќерницата Кремисимо од Битоло.
И во другите градови од земјава цвеќарите и рестораните се подготвуваат за празникот, а дали ќе имаат голема заработка останува да се види./крај/ом/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.
Македонија
Меџити во Трубарево: Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време.
Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Дејан Мирковски.
Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време.
Македонија
Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн.
Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше донесен Заклучок наставата во четирите основни училишта да се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.
Министерството за образование и наука ги извести училиштата да ја организираат наставата согласно новонастанатите услови.