Македонија
Црвенковски – Промената на Уставот носи ризик
Најавената лидерска средба за промена на Уставот во делот на Судскиот Совет не е иницирана од премиерот Никола Груевски туку тоа е предлог на меѓународната заедница
Најавената лидерска средба за промена на Уставот во делот на Судскиот Совет не е иницирана од премиерот Никола Груевски туку тоа е предлог на меѓународната заедница.
Ова денеска го изјави лидерот на опозициската партија СДСМ, Бранко Црвенковски, при посетата на Кочани.
Црвенковски рече дека ќе присуствува на таква средба ако биде организирана и предупреди дека секое менување на Уставот носи свој ризик, и според него, ќе се појават уште многу барања во многу други делови на Уставот и без добра подготовка целата постапка може да биде контрапродуктивна.
Тој смета дека со тоа што Владата најавува иницијативи да промени нешто во судството таа признава на некој начин дека состојбата со македонското судство е катастрофална.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска во Кочани, при посетата на текстилна фабрика, рече дека во последните петнаесет месеци над 10 илјади текстилни работници ги изгубија своите работни места, односно останаа на улица.
„Во овие 4 години околу 100-тина милиони евра се потрошија за разни пропаганди, кампањи, спотови, огласи во земјата и надвор од неа. И за тоа пари имаше. И на крајот, Владата промовира и веќе почна да реализира проект „Скопје 2014“ што ќе чини 200 милиони евра. И за тоа пари има. Значи, пари има. Проблемот е само што со нив се постапува неодговорно, недомаќински, без основно или елементарно чувство кон проблемите на сопствените граѓани“, рече Црвенковски. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

