Македонија
Осми март во Идризово
По повод празникот на жената 8-ми март, денеска во женското одделение во КПД Идризово се одржа пригодна свеченост.
По повод празникот на жената 8-ми март, денеска во женското одделение во КПД Идризово се одржа пригодна свеченост.Штитеничките на затворот ги посетија Директорот на Управата за извршување на санкциите Лидија Гаврилоска, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и уметникот Живко Поповски – Цветин.По повод празникот градоначалникот Коце Трајановски на сите осуденички им подари по една роза.Големиот хуманист и уметник Живко Поповски – Цветин на осуденичките им подари 70 свои творби, слики со цвеќиња на мирот, а исто така подари и 38 слики на КПД Идризово. Жените во затворот Идризово како дел од свеченоста се претставија со пригодна програма. /крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

