Македонија
Бизнисмените бараат намалување на каматите
Да се усогласат фискалната и монетарната политика со цел референтната каматна стапка до април да падне на шест отсто, со што во голема мера ќе му се помогне на стопанството.
Да се усогласат фискалната и монетарната политика со цел референтната каматна стапка до април да падне на шест отсто, со што во голема мера ќе му се помогне на стопанството.
Ова денеска на прес – конференција во Скопје го побара извршниот директор на Сојузот на стопански комори (ССК) Митко Алексов, кој се осврна на последниот пакет на антикризни мерки усвоен деновиве од владата.Алексов како позитивен го оцени најновиот пакет мерки, наведувајќи дека дури 13 од 23-те усвоени мерки се донесени токму на предлог на ССК.
Тој сепак истакна дека некој од барањата на ССК не биле земени во предвид при донесување на овој пакет мерки, но било дадено ветување од владата дека истите ќе бидат сериозно разгледани.
Ликвидноста кај претпријатијата претставува главен проблем, рече Алексов, нагласувајќи дека за водење на еден сериозен бизнис, неопходна е поддршка од банките.
„Нашето предлог – барање е усогласување на фискалната и монетарната политика во државата, референтната каматна стапка до април да падне на шест отсто. Сведоци сме дека комерцијалните банки се уште преферираат да купат благајнички запис по камата од 7,5 отсто, отколку да пласираат кредити во стопанството“, рече Алексов.
Тој информираше дека ССК побарал од владата државните записи на министерството за финансии до април да бидат сведени на нула.
На прашањето дали новиот пакет мерки се антикризни, Алексов рече дека станува збор на комбинација од социјални, реформски, системски и антикризни мерки.Алексов смета дека антикризни мерки се носат за да им помогнат делумно на компаниите, но не и за да ги решаваат сите нивни проблеми
„Никаков пакет на мерки не можат да ги решат најгорливите проблеми на компаниите. Тие можат само да помогнат и да се сметаат како еден начин на додадена вредност“, рече Алексов, додавајќи дека секоја компанија треба да си решава своите проблеми. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

