Македонија
Гантар се обрати пред македонското Собрание
Очекувам Европската Унија да одреди разумна временска рамка за започнување на пристапни преговори со Македонија.
Очекувам Европската Унија да одреди разумна временска рамка за започнување на пристапни преговори со Македонија.
Со вакво очекување денеска пред пратениците во државното собрание настапи Претседателот на словенечкиот Парламент, Павел Гантар.
Поздравувајќи го извештајот на словенечкиот европратеник Зоран Талер околу напредокот на Македонија, Гантар изрази очекување дека препораката за што поскоро одредување на датум за старт на пристапните преговори на Македонија наскоро ќе се оствари во пракса.
„Во целост го делам неговото мислење и очекувам дека ЕУ ќе одреди разумна временска рамка за започнување на пристапни преговори. Во тој поглед, Македонија и понатаму ќе ужива силна и активна поддршка од Словенија“, порача Гантар.
Осврнувајќи се на перспективите за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО, Гантар со препорака билатералните прашања да не бидат пречка на тој пат.
„Веруваме дека едно билатерално прашање не треба да претставува пречка за вашето членство во НАТО. Не само затоа што ги исполнивте сите критериуми, туку и затоа што членството во ваква одбранбена алијанса ќе донесе стабилност за регионот“, рече Гантар.
Тој пред македонските пратеници ги сподели словенечките искуства од членство во Европската Унија и НАТО и порача дека „земјите од југоисточна Европа заслужуваат благосостојба која ќе им осигури и на граѓаните напредок и квалитетен живот во средина каде што мирот не е загрозен и каде што вредностите за слобода, стабилност, владеење на правото и демократија ќе бидат секојдневие“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

