Македонија
Координативно тело: Состојбата со водостојот е стабилна
Состојбата со водостојот во земјава е стабилна, но ќе продолжат превентивните активности секаде каде што е забележан висок водостој.
Состојбата со водостојот во земјава е стабилна, но ќе продолжат превентивните активности секаде каде што е забележан висок водостој.
Ова се вели во денешното соопштение од Координативното тело за превенција на природни непогоди што работи во рамките на Министерството за транспорт и врски.
Оттаму информираат дека водостојот на Охридското езеро и натаму останува непроменет и останува на истото ниво како во текот на вчерашниот ден.
„Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на теренот долж охридското крајбрежје и ги чистат каналите и речните корита на повеќе потези. Веќе е исчистен еден дел од коритото на реката Даљанска, а продолжува и чистењето на Коселска река и делот од реката Црн Дрим, наречен Мал Дрим“, се вели во соопштението од Координативното тело.
Исто така, во тек се активностите за поставување на насип со камења на потегот од Езерски Лозја до Сатеска, како и поставувањето на насип од вреќи со песок на брегот на реката Црн Дрим, со цел да се порамни нивото на крајбрежјето со реката. Истовремено со овие активности се чисти и каналот на потегот од Мислешево до Црн Дрим.
Од Координативното тело додаваат дека продолжуваат активностите за уредување на коритото на Црн Дрим на потегот кај селото Луково, како и на потегот од Калишта до Радожда.
Според нив пренасочување во должина од 5 километри и натаму има на патниот правец од Битола кон Ресен./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

