Македонија
Приведените, за убиството кај Универзална, се бранат со молчење
Приведените за вчерашното убиство кај Универзална сала во информативниот разговор со полицијата одлучиле да се бранат со молчење.
Приведените за вчерашното убиство кај Универзална сала во информативниот разговор со полицијата одлучиле да се бранат со молчење.
Попладнево двајцата приведени дваесет и тригодишниот Јасмин Лесковица и четириесет и петгодишниот Харун Хаџибулиќ ќе бидат изведени пред истражен судија.
Полицијата се уште официјално не ги соопштува мотивите за убиството. Засега само информираат дека претходната расправија и нетрпеливоста меѓу двете групи можно е да кулминирале со убиство.
Неофицијално, двете групи се скарале за отворање на стриптиз бар.
Осомничените и се добро познати на полицијата. Последната пријава против нив била поднесена пред шест дена.
„Последната пријава е поднесена пред шест дена, поради сомнение дека сториле кривично дело, изнуда во обид кога со закани од бизнисмен барале исплата на наводен долг“ изјави Љупчо Тодоровски, директор на Бирото за јавна безбедност.
Јасмин Лесковица кој е осомничен дека наводно пукал, претходно е пријавуван за насилство и спречување на избори и гласање, додека второосмничениот Харун Хаџибулиќ во 2005 е пријавен за убиство.
„Второсомничениот добил во 2003 и 2006 пријави за насилство и две пријави за недозволено држење и тргување со оружје. Додека од судот во 2002 година е осуден за задолжително двегодишно психијатриско лекување“ додаде Тодоровски.
На местото на вчерашното пукање, во објект во изградба пронајден е пиштол марка „Застава“од кој се претпоставува дека било пукано и истиот е одземен и предаден на вештачење.
Полицијата не исклучува ниту инволвираност на осомничените во петочниот инцидент во трговскиот центар „Треска“ кога со нож беше избодено едно лице.
Убиството се случи вчера пред кафулето Карма, кај Универзална сала околу 16:40 часот. Расправијата започнала во влезот од една од зградите во изградба.
Двајцата напаѓачи насилно ги внеле тројцата оштетени и почнале најпрви вербална расправија.
Почнале да го удираат триесет и шестгодишниот Кенан Кучевиќ со тупаници и клоци пред неговиот дваесетиедногодишен внук и триесет и четири годишниот пријател Мирсад Криешторац.
Во еден момент еден од осомничените извадил пиштол и почнал да пука во Мирсад Криешторац. Му нанел тешки повреди во стомакот, надлактицата и надколеницата.
Двајцата осомничени се обиделе да избегаат со возило „шкода октавија“, по што беа уапсени од алфите. Криешторац по кратко време им подлегна на повредите во Ургентниот центар, додека Кучевиќ заврши само со полесни повреди. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

