Македонија
Конституиран комитет за изработка на Локален еколошки план
Вториот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП 2) за Скопје денеска официјално стартуваше со конституирањето на Локален комитет за негова изработка, соопштија градските власти.
Вториот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП 2) за Скопје денеска официјално стартуваше со конституирањето на Локален комитет за негова изработка, соопштија градските власти.
ЛЕАП е сеопфатен плански документ што ги опфаќа активностите во областа на животната средина на подрачјето на Град Скопје за период од шест години, заради што претставува и стратешки документ.
Локалниот комитет е составен од раководителите на секторите во Град Скопје, директорите на градските јавни претпријатија, претставници од сите скопски општини и невладини организации, а со него ќе раководи локалниот координатор за изработка на ЛЕАП 2 и секретар на Град Скопје, Гордана Ивановиќ.
На денешната конститутивна седница на Локалниот комитет беа формирани и работните групи за петте основни тематски подрачја: воздух, вода, отпад, почва и искористување на земјиштето и природа.
Со ЛЕАП ќе се согледа состојбата на животната средина и реалните потреби на жителите на градот и земајќи ги во предвид економски прифатливите и ефикасни решенија, овој документ ќе утврди мерки за надминување на идентификуваните проблеми и ќе даде насоки за натамошен одржлив развој на Град Скопје.
ЛЕАП ќе овозможи активно вклучување на граѓаните и на невладиниот сектор во процесот на неговата изработка и реализација, соопштија локалните власти.
Неговата изработка ќе чини 2 милиона денари, пари кои ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2010 година./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

