Македонија
Викендов вистинска пролет
Сончево и топло време со температури до 21-иот целзиусов степен ќе преовладуваат во текот на викендов низ целата земја, што е наговестување дека доаѓа пролетта, информираат од Управата
Сончево и топло време со температури до 21-иот целзиусов степен ќе преовладуваат во текот на викендов низ целата земја, што е наговестување дека доаѓа пролетта, информираат од Управата за ходрометеоролошки работи(УХМР).
Утринските температури ќе се движат од -2 до 5 целзиусови степени додека дневните од 14 до 21 степен. Температурите во главниот град Скопје во петок и сабота ќе се искачат до 16 и 17 целзиусови степени.
Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните делови од земјава, а најтопол град викендов ќе биде Гевгелија со температури до 20 и 21 целзиусов степен.
Алерголозите предупредуваат дека доаѓа периодот на алергии со што ќе се искачува и нивото на полен во воздухот. Засега нивото на полен останува умерено но со расцветувањето на дрвјата се очекува истото да се зголемува.
Преодна промена на времето се очекува во понеделник наспорти вторник, кога ќе има локален краткотраен дожд и благ пад на температурите, информираат од УХМР./крај/УХМР/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

