Македонија
Детската амбасада организира хуманитарна акција во Прилеп
Детската Амбасада за сите деца во светот денеска ќе оствари, посета на домот за стари и изнемоштени лица “Киро Крстески – Платник” од Прилеп.
Детската Амбасада за сите деца во светот денеска ќе оствари, посета на домот за стари и изнемоштени лица “Киро Крстески – Платник” од Прилеп.
Станува збор за несекојдневен настам од причина што оваа хуманитарна акција за посета на старите и изнемоштени лица сместени во оваа установа е заедничка на Детската Амбасада од Прилеп и Здружението на пензионери, односно огранокот на жените од Клубот “Гоце Делчев”, се вели во најавата.
Детската Амбасада и ова здружение делат заеднички простории и споделуваат заеднички убави моменти па се решивме на една ваква заедничка хуманитарна организација за помош на старите и изнемоштени лица.
Детската Амбасада за сите деца во светот ќе им додели на старите лица прехрамбени продукти, а жените од огранокот на здружението на пензионери “Гоце Делчев” ќе подготват трпеза со домашни производи за згрижените лица.
Промотивно на оваа средба ќе учествува Дете Амбасадорот во избор, Трајче Камчески, кој од името на Детската Амбасада, во присуство на Генералниот Секретар, ќе ги поздрави старите лица. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

