Македонија
Тодоров: Ќе вработиме дефектолози во училиштата
Министерот за образование и наука Никола Тодоров најави вработување на дефектолози во училиштата, на денешното потпишување на Двегодишниот работен план со УНИЦЕФ.
Министерот за образование и наука Никола Тодоров најави вработување на дефектолози во училиштата, на денешното потпишување на Двегодишниот работен план со УНИЦЕФ.Оваа година, за прв пат, Министерството за образование и наука со Детскиот фонд на Обединетите Нации – УНИЦЕФ, изготви Двегодишен работен план (ДРП) за квалитетно и адекватно образование 2010-2011. Со овој план од Министерството очекуваат надминување на идентификуваните диспаритети во квалитетот и пристапот до образование за социјално исклучените и маргинализирани деца и семејства.Како приоритет на работниот план е и зајакнувањето и поддршката на наставниот кадар во училиштата преку подготовка на планови и програми за обука на работно место и додипломска обука на наставници.„Ќе имаме и вработувања на дефектолози во училиштата, кои се повеќе од неопходни и ќе направиме обуки за наставниците кои се веќе вработени во образовниот систем, со што сите деца ќе имаат можност да добијат квалитетно образование “ рече Министерот Тодоров.Претставникот на УНИЦЕФ Шелдон Јет изјави дека дел од програмата е и воведувањето на принципи на работа базирани на концептот „Училиште по мерка на детето“, и изрази надежи дека ќе ја продолжат успешната соработка со Министерството за образование.Владата на Република Македонија и Детскиот фонд за Обединетите нации (УНИЦЕФ) на 3 март, 2010 година, потпишаа нов шестгодишен Акциски план на програмата за соработка 2010-2015 година со опфат на намалување на сиромаштијата кај децата, нееднаквостите во пристапот до базични социјални услуги и унапредување на системот за поврзување меѓу надлежностите, политиките и јавните инвестиции. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

