Македонија
„Тиквеш“: Остварено планираното производство на електрична енергија за 2010
Хидроелектраната „Тиквеш“ која работи во рамките на АД „Електрани на Македонија“, пред истекот на првиот квартал од годинава го оствари планираното производство на електрична енергија за 2010 година од 129 гигават часови, предвидено со Енергетскиот биланс, соопштија од ХЕ „ТИКВЕШ“.
Хидроелектраната „Тиквеш“ која работи во рамките на АД „Електрани на Македонија“, пред истекот на првиот квартал од годинава го оствари планираното производство на електрична енергија за 2010 година од 129 гигават часови, предвидено со Енергетскиот биланс, соопштија од ХЕ „ТИКВЕШ“.
Иако предвидениот план за производство на ХЕЦ „Тиквеш“ за оваа година беше проектиран на повеќе од нивото на дваесет годишниот просек на оваа хидроелектрана кој изнесува околу 115 гигават часови, резултатот е постигнат и натфрлен за помалку од 90 дена, информираа од „Тиквеш“.
Во првиот квартал од 2010 година сите хидроелектрани на АД „Електрани на Македонија“ значително го надминаа планираното производство.
Од почетокот на годинава, за потребите на потрошувачите вкупно се произведени 664 гигават часови електрична енергија, што е за 58 отсто повеќе во однос на количините предвидени во Енергетскиот биланс за 2010 година.
Овој резултат се должи пред се на добрата хидролошка состојба, техничката кондиција и добрата погонска подготвеност на објектите, оптимално управување со хидроелектраните и солидната хидро-термо координација, велат од ХЕ „Тиквеш“./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

