Македонија
Осуда за анти-македонските пароли на грчката армија од ВМРО – ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди говорот на омраза демонстриран од страна на грчката армија на парата одржана во четвртокот во Атина.
ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди говорот на омраза демонстриран од страна на грчката армија на парата одржана во четвртокот во Атина. „Овој говор на омраза беше упатен и кон Македонците и кон Албанците. За нас е чудно тоа што ваквите изливи на омраза се случуваат веќе неколку пати во последните години. Жалиме и сме длабоко разочарани од ваквите постапки. Овие настани директно им штетат на добрососедските односи и не придонесуваат за подобрување на атмосферата во меѓудржавните односи на Република Македонија и Република Грција. Грчките институции мораат да најдат начин, како да застанат на патот на омразата и национализмот“, изјави Зоран Петрески, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Припадниците на грчката армија, при одржувањето на парадата во четвртокот во Атина, извикуваа националистички пароли со анти-македонска, анти-албанска и анти-турска содржина. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.
Македонија
„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на Марковски компани додека 600 000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите блиски смислуваа начини и формираа мрежи од фирми за да испумпаат државни средства. Милионски суми од државниот буџет завршија во џебовите на фирми блиски до кланот Заеви“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен.
03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.
Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.
Симеон и Горан Крстеви се луѓе блиски на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.
Намерно не биле главни изведувачи за да не се забележат, но сепак парите од државните тендери завршиле директно кај нив. Ова е само еден од начините како парите од Марковски компании биле канализирани до Заев и неговите блиски.
Овие две фирми подизведувачи само од еден тендер заработиле 5 милиони евра.
Овие криминални шеми се директна злоупотреба на јавни средства и пари на граѓаните.
Затоа на 19 октомври СДС ќе доживеат дебакл, народот со заокружување на бројот 9 ќе се спротистасви на корупцијата, злоупотребите и криминалот и ќе даде шанса на оние кои работат чесно и за народот а не за сопствени интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.