Македонија
УНЕСКО одобри средства за санација на „Св Јован Бигорски“ и „Крушево етно град“

УНЕСКО ги одобри проектите за реконструкција на манастирот „Св. Јован Бигорски“ и развојот на Крушево како „Етно град“ на барање на Министерството за култура на Р.Македонија.
УНЕСКО ги одобри проектите за реконструкција на манастирот „Св. Јован Бигорски“ и развојот на Крушево како „Етно град“ на барање на Министерството за култура на Р.Македонија.
Ова денеска го соопшти министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и додаде дека генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова деновиве позитивно одговорила на барањата од страна на Министерството за култура за ургентна поддршка на опожарениот манастир „Св.Јован Бигорски“.
„Средствата во висина од 50 илјади американски долари се веќе пристигнати за санирање на овој извонредно значаен манастир“, рече министерката Елизабета Канческа-Милевска и додаде дека покрај овие средства, Владата на Р.Македонија веќе има одвоено 18 милиони денари за реконструкцијата на „Св.Јован Бигорски“.
Канческа-Милевска истакна дека како втора активност за која УНЕСКО ќе даде поддршка е афирмацијата и зачувувањето на културното наследство во Македонија, особено за градот Крушево за проектот „Крушево етно град“.
„Добивме поддршка од УНЕСКО во вредност од 36 илјади евра за проектот „Крушево етно град““, истакна Канческа-Милевска и додаде дека претставници од УНЕСКО биле во посета на Крушево и се запознале со проектот кој ќе се спроведе./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.