Македонија
Форум: Мистерија на Блаце – експлозивна направа го разнела армискиот хеликоптер?

Што предизвикало толку силна експлозија што леталото беше разбиено на милиони парчиња, односно до степен на непрепознатливост дека станува збор на хеликоптер?
Што предизвикало толку силна експлозија што леталото беше разбиено на милиони парчиња, односно до степен на непрепознатливост дека станува збор на хеликоптер? Паднатиот армиски хеликоптер кај Катлановско Блаце е досега единственото летало од овој тип кое паднало и комплетно се распаднало на илјадници парчиња. Експерти велат дека тука е клучот за мистеријата. Што е она што во две и полгодишната истрага за падот на армискиот хеликоптер сите не го видовме, а отвора суштински прашања во потрагата по одговорот, зошто падна хеликоптерот? Степенот на уништување на нашиот хеликоптер, фактот дека летал многу ниско и со мала брзина, расфрланоста на парчињата, изјавите на очевидците – сè директно укажува на тоа дека леталото било разнесено од некаква направа сместена внатре, можеби меѓу многуте кутии во кои војниците ги спакувале своите работи. Повеќе за мистериозниот пад на армискиот хеликоптер каде што 10 македонски војници го загубија животот, читајте во новиот број на магазинот Форум. /крај/форум
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

„Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар кој избувна во саботата. Никој не им кажува какви токсини дишеле, и дали сега е безбедно да се движат надвор. Тоа што децата ќе следат он лајн настава е уште повеќе збунувачки за нив, и не дава одговор колку е загаден воздухот таму и колку ја загрозува нивната здравствена и еколошка и еколошка безбедност. Наместо институциите на локално ниво да преземат брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, гледаме целосно потфрлање и неодговорност“, вели Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.
„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Власта на ВМРО ДПМНЕ и на локално и на централно ниво дејствуваше дури по голем притисок на јавноста и медиумите. Не беше јасно кој носи одлуки, општината, град Скопје или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа опасен и токсичен чад, вечерта сите се појавија да се сликаат.
Го прашувам Орце Георѓиевски во кое својство беше во Трубарево, како градоначалник на Кисела Вода или како претседател на ЗЕЛС, оти не виде јавноста како помогнал во справување со еколошката катастрофа во Трубарево. Но сите видоа дека дошол на сликање.
Град Скопје и Општина Гази Баба имаа обврска први да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност се најдобар показател за неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.
Опасните пожари од депониите со отпад веќе не се проблем на една општина, туку се проблем на Скопје. Повеќе не треба да се чека, населението мора да се заштити. Јас кажав дека имам план краткорочни и долгорочни мерки, како да се решат депониите и проблемот со отпадот. Ова не е политика туку мерки кои веднаш треба да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.
Македонија
(Видео) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога, извести Тошковски

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје.
„Денеска уништуваме над четири тони марихуана. осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана и над 21 килограми други видови дрога како амфетамини, хероин, кокаин и други видови дрога. Исто така уништуваме над стотина парчиња оружје и над 1000 парчиња чаури и други компоненти од оружје. Сакаме да упатиме јасна порака до сите дека дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија. Со секој еден уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се крева на повисоко ниво и во иднина очекуваме уништување на уште поголеми количини.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски пренесе порака до граѓаните кои во изминатиот период беа сведоци на делувањето на криминалните банди како во Скопје така и други региони можеа да се уверaт дека со нивното разбивање и заплената на големи количини оружје и дрога полицијата решително ја спречува нелегалната трговија, а запленетите количества ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.
Македонија
(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден напад организиран од странски центри на моќ. Тој предупреди дека ова е злоупотреба на безбедносната сфера во државата од страна на врвот на власта.
„Мислам дека ниту еден премиер до сега не се осмелил вака да ја потресе ситуацијата во однос на безбедносната сфера на земјата, ниту пак да ги злоупотребува безбедносните инструменти во земјата“, истакна претседателот на СДСМ.
Филипче истакна дека ако изјавите на Мицкоски за хибридни напади биле точни, институциите морале веднаш да реагираат.
„Ако беше така како што кажува премиерот, ако навистина сме под напад или закана на некои хибридни напади или некои странски центри на моќ, тогаш прво, требаше да заседава Советот за безбедност, требаше на терен да излезе Армијата, требаше на терен и во јавност да излезе Министерот за одбрана, требаше да се активираат сите безбедносни служби во државата, требаше да се извести НАТО како наш стратешки партнер. Ништо од тоа не се случува“, посочи тој.
Според него, власта на ВМРО-ДПМНЕ нема понудено ниту едно вистинско решение за ниту еден проблем.
„Од оваа влада не видовме ниту едно решење на ниту еден проблем, ниту едно предлог-решение на овие сериозни проблеми кои што се напластуваат изминатите година и пол, како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е на власт“, додаде тој.
Заклучи дека целата нарација на премиерот е „пиаровска драма“ со која се покрива неспособноста на власта да реагира во кризни ситуации.
„Сето ова, на што премиерот се вади, е практично само една пиаровска драма. Нема никаква акција да се решат проблемите и ова е навистина доказ за едно дилетантско водење на државата. Практично, овој тим нема капацитет државата да ја води како што треба“, изјави Венко Филипче.