Македонија
Рушити: Владата лаже дека проектите за Скопје се општински и наследени
Сулејман Рушити од Нова демократија денеска на прес-конференција излезе обвинувајќи ја Владата на Република Македонија дека лаже дека спорните проекти за Скопје се општински и наследени проекти.
Сулејман Рушити од Нова демократија денеска на прес-конференција излезе обвинувајќи ја Владата на Република Македонија дека лаже дека спорните проекти за Скопје се општински и наследени проекти.
„ Ако баба лаже, програмата која е усвоена од страна на Владата на Република Македонија не лаже. Според програмата тоа се нови проекти, повеќето по иницијатива на Владата и финансиски поддржани со народни пари“, истакна Рушити.
Од Нова демократија велат дека тврдењата на ДУИ дека овие проекти се нови се неточни и дека за истите владината коалиција гласала во 2008 година.
„Станува збор за следните проекти: изградба на православен храм во центарот на Скопје до 2011 година и спорниот проект за кој Владата и ДУИ велат дека е наследен проект, изградба на неколку споменици на личности од македонската историја на скопскиот плоштад и пред македонското Собрание , фонтани во река Вардар и околу Камениот мост, пешачки мост кон Археолошкиот музеј, повеќето по иницијатива и со финансиска поддршка на Владата на Република Македонија“, посочи Рушити.
Од Нова демократија бараат од Владата и ДУИ да излезат со реални факти и да престанат со проектите, кои како што рече Рушити ја уништуваат меѓуетничката толеранција во градот Скопје./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.