Македонија
Стартува исплатата на 17- та рата за старо девизно штедење
Средствата од 17- та рата од обврзницата за старо девизно штедење граѓаните и фирмите ќе можат да ги подигнат денеска во деловните банки, соопшти Министерството за финансии
Средствата од 17- та рата од обврзницата за старо девизно штедење граѓаните и фирмите ќе можат да ги подигнат денеска во деловните банки, соопшти Министерството за финансии Ресорното министерството завчера исплати 1.447.273.827 денари (23,5 милиони евра) на сметките на сопствениците на овие обврзници. За физички лица исплатени се 1.284.249.100 денари, додека за правни исплатени се 163.024.726 денари. Министерството за финансии ги повикува сопственици кои поседуваат обврзници за старо девизно штедење, а се уште немаат посочено банкарска сметка да се обратат до една од деловните банки и да ја пополнат потребната документација. Воедно се најавува дека до крајот на годината ќе биде исплатена и 18 – та рата од оваа обврзница, додека заклучно со 2011 година ќе бидат исплатени и последните две рати, со што целосно ќе бидат обештетени оние граѓани и правни лица чии девизни заштеди беа заробени на сметките на деловните банки при распадот на поранешна СФРЈ. Со исплатата на овие средства Министерството за финансии остана доследно во определбата за редовно и навремено сервисирање на сите свои обврски што води кон подобрување на ликвидноста на стопанството и граѓаните, се наведува во соопштението. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

