Македонија
Денеска е Велика Сабота, ден пред Велигден
Велика Сабота е посветена на споменот на погребот на Исус Христос и неговото влегување во адот и верниците од православна вероисповед со молитва го одбележуваат вториот ден на жалост по Велики Петок, денот на распетието и смртта на Исус.
Велика Сабота е посветена на споменот на погребот на Исус Христос и неговото влегување во адот и верниците од православна вероисповед со молитва го одбележуваат вториот ден на жалост по Велики Петок, денот на распетието и смртта на Исус. По повод Велигден утре во сите храмови на православните и католичките цркви ќе се одржи воскресенска литургија. Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе богослужи со воскресенската литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. На Велика Сабота нема богослужба а првата литургија за воскреснувањето на Исус Христос започнува точно на полноќ кога и самиот Исус воскреснал откако бил распнат на крстот. На полноќ кога и ќе започне да се слави воскреснувањето со ѕвонење на ѕвоната во православните храмови верниците ќе го прекинат велигденскиот пост со кршење на црвените јајца. Црвената боја ја симболизира крвта на Исус а јајцата почетокот на животот. Оваа година и католичките верници заедно со православните го слават Велигден а исто така и во Католичката црква ќе се одржи пригодна богослужба./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

