Македонија
Средба на Претседателот Иванов со претставници на ромската заедница
Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8 април, Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска прими делегација на претставници од партиите на ромската заедница во Македонија.
Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8 април, Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска прими делегација на претставници од партиите на ромската заедница во Македонија.
На средбата беше разгледана состојбата на ромската заедница во Република Македонија, а беа разменети и оценки за текот на спроведување на Декадата на Ромите.
Претседателот Иванов истакна дека Македонија мора да продолжи со активностите за целосна интеграција на ромската заедница во образованието и во другите општествени сфери.
За таа цел, Претседателот побара активно вклучување на ромските интелектуалци, активисти и заедницата во целина.
Лидерите на партиите ги изнесоа нивните согледувања за положбата на Ромите и чекорите кои се потребни за натамошно подобрување на животниот стандард и статус на Ромите.
Тие ја истакнаа уникатната политичка положба на Ромите во македонското општество, со неговиот модел на учество во политичкиот живот како модел кој треба да биде применет и во други држави кои тежнеат да ја подобрат положбата на Ромите.
На средбата присуствуваа Амди Бајрам од Сојуз на Роми, Шабан Салиу од Демократски сили на Ромите, Неждет Мустафа од Обединета партија за еманципација на Ромите и Самка Ибраимовски од Партија за целосна еманципација на Ромите./крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.