Македонија
Македонија го одбележува Светскиот ден на здравјето

Со марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк и со спроведување на бесплатни прегледи, мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, во Македонија се одбележува светскиот ден на здравјето – 7-ми април.
Со марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк и со спроведување на бесплатни прегледи, мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, во Македонија се одбележува светскиот ден на здравјето – 7-ми април. Министерот за здравство Бујар Османи упати апел до граѓаните дека здравите животни навики и здравата исхрана се предуслов за здрав живот. Македонија се вклучува и во глобалната иницијатива на Светската Здравствена Организација (СЗО) – 1000 градови за 1000 животи, каде акцентот се става на урбанизацијата како здравствен предизвик на 21-от век. „Околу 3 милиони луѓе умираат од физичка неактивност, а исто така, бројни се заболувањата кои се поврзани со урбаниот начин на живот, како што се респираторните заболувања, малигните и кардиоваскуларните заболувања“, изјави Османи. На светскиот ден на здравјето министерот призна дека здравствениот систем се соочува со големи предизвици. „Воопшто не претендирам дека здравствениот систем во Македонија е совршен. Постојат големи предизвици со кои се соочуваме. Здравството е сектор што е целосно запоставен во претходните 20 години. Но, не може се да се реши со магично стапче и преку ноќ“, додаде Османи. Министерството за здравство почнува голема кампања која ќе трае до крајот на оваа година, а се однесува на подигнување на свеста за здравјето и животните навики како предуслов за здрав живот. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.