Македонија
Утре лидерска средба
Нова лидерска средба за измени на Уставот во делот за избор на членови на Судскиот совет ќе се одржи утре, соопштуваат од Владата.
Нова лидерска средба за измени на Уставот во делот за избор на членови на Судскиот совет ќе се одржи утре, соопштуваат од Владата.
Лидерите на политичките партии ќе се сретнат во Клубот на пратениците во 12 часот.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, смета дека уставни измени треба да има во делот на изборот на членовите на Судскиот совет и да се зајакне независноста на ова тело.
Пред извесно време од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека измените предвидуваат, министерот за правда веќе да не членува во Советот, по функција.
Нова демократија најави дека е подготвена на уставни измени, но во делот на употребата на албанскиот јазик. Тие, исто така бараат уставните судии да гласаат со бадентерово мнозинство.
Од ДУИ сметаат дека нема да има други измени освен тие за составот и начинот на избор на Републичкиот судски совет.
Од Либералната партија предупредија дека уставните измени ќе предизвикаат домино ефект и ќе има барања за нови измени.
Опозициската СДСМ, по повод најавите за измени на Уставот , реагираше дека целта на измените е дополнителна партизација на судството. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

