Македонија
СДСМ: Дали часовникот на Тодоровски е земен од полициските депоа?
Полицискиот функционер кој пред медиумите запленува и уништува фалсификувана стока, и уште повеќе поднесува пријави против сторителите, според кажувањата на портпаролот на МВР, користи токму таква фалсификувана и недозволива стока.
Полицискиот функционер кој пред медиумите запленува и уништува фалсификувана стока, и уште повеќе поднесува пријави против сторителите, според кажувањата на портпаролот на МВР, користи токму таква фалсификувана и недозволива стока.
„Дали неговиот рачен часовник можеби е од земен од полициските депоа ? Дали на ист начин Љупчо Тодоровски посегнува и по друг вид запленета стока “ прашува опозицијата откако портпаролот на МВР, Иво Котевски вчера потврди дека Директорот на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски, носи фалсификуван рачен часовник, кинеска реплика на престижниот швајцарски „хабло биг бенг“, модел што чини дваесетина илјади долари.
„Јавноста е згрозена од безобразлукот на портпаролот на МВР кој во услови на растечка сиромаштија си игра мајтап со вредноста на луксузниот часовник обидувајќи се да го одбрани својот претпоставен. Ако е точно дека луксузниот часовник е фалсификат, во што ние не веруваме, Љупчо Тодоровски, мора да понесе одговорност“ велат од СДСМ.
Неделникот „Глобус“ го идентификува часовникот што Тодоровски го носи на фотографија на која самиот тестира квалитет на запленет хероин. Според неделникот, моделот чини меѓу 18.000 и 25.000 долари. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 42 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

