Македонија
Заеднички принцип на работа на медиумите што имаат веб страници
Сите медиуми потписници на иницијативата за поголема заштита на нивните авторски и сопственички права од неовластено пренесување на нивните содржини на други сајтови и портали, како и други електронски медиуми, се согласуваат со следниве принципи кои ќе бидат вид стандарди на однесување:
Сите медиуми потписници на иницијативата за поголема заштита на нивните авторски и сопственички права од неовластено пренесување на нивните содржини на други сајтови и портали, како и други електронски медиуми, се согласуваат со следниве принципи кои ќе бидат вид стандарди на однесување:
1. Потписниците на иницијативата се согласуваат во најкратко можно време да стават импресуми на своите веб страници и да наведат дека содржината е заштитена.2. Потписниците на иницијативата се согласни дека содржината објавена на веб страниците е пазарен производ заштитен со авторски и други сродни права и оти секое користење за какви било цели, е единствено можно преку директен договор со издавачот.3. Потписниците на иницијативата се согласуваат дека порталите кои ги реобјавуваат нивните авторски содржини по принцип на агрегација на информациите, тоа ќе можат да го прават под следниве услови: а) секое преземање да биде направено по претходен договор со издавачот
б) да се преземаат наслов и поднаслов (вовед) на веста во должина до 180 карактера, а оние фотографии кои се оригинални да се преземаат во димензии не поголеми од 90×90 пиксели
в) преземената информација да се отвора со еден клик во нов прозорец на прелистувачот, во кој читателот ќе биде однесен со директен URL до сајтот од каде е преземена информацијата и тоа без присутната рамка на сајтот – агрегатор
г) секој од потписниците на иницијативата се согласува кога ќе пренесе туѓа информација од веб страна, согласно тука наведените услови, коректно да го пренесе и линкот кој што води до изворот на информацијата, а истото ќе го бара и од оние што ги пренесуваат нашите содржини
д) се остава правото на поинакво пренесување на вестите и другите содржини на потписниците на оваа иницијатива, доколку e тоа плод на заемен договор помеѓу издавачите, односно сопствениците на медиумите од една страна и електронските платформи, односно сопствениците на агрегаторите и другите веб страници што ги пренесуваат оригиналните содржини, од друга страна
4. Сопствениците на радиостаниците кои пренесуваат заштитени информации од издавачите согласно точка 1 од оваа иницијатива, се упатуваат на договор со издавачите. Радиостаниците немаат потреба од договор само доколку во своите говорни содржини пренесуваат наслов и поднаслов од информација објавена од издавачите, а притоа целосно и коректно го нагласат изворот на насловот и поднасловот, односно издавачот, односно медиумот (со целата негова веб адреса) или доколку во говорната содржина прават прилог, најчесто наречен „преглед на печат“5. Стандардите околу кои се согласни потписниците на иницијативата имаат за цел доброволно воведување ред во однос на заштита на авторските и другите сродни права, пред се во интернет просторот. Непочитувањето на овие стандарди ќе биде предмет на индивидуална или групна заштита на авторските права согласно законските прописи на Република Македонија.Потписници:1. A1 Телевизија 2. А2 Телевизија_________________ _________________ 3. Алфа Телевизија 4. Алсат Телевизија_________________ _________________5. Вест 6. Време_________________ _________________7. Дневник 8. Идивиди_________________ _________________9. Инпресс 10. Канал 5_________________ _________________11. Канал 77 12. Кајгана_________________ _________________13. Макфакс 14. Нетпрес_________________ _________________ 15. Нова Македонија 16. Телма_________________ _________________ 17. Утрински весник 18. Форум _________________ _________________19. Шпиц_________________
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на панел во Давос со американскиот секретар за енергетика: „Македонија мора да стане активен играч во енергетиката“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на панел за енергетика во рамки на Светскиот економски форум во Давос, заедно со секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт. Тој изјави дека зад себе има успешен и инспиративен ден со средби со мултинационални компании од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.
„Претставивме можности за инвестиции во македонската економија – нешто што значи додадена вредност за граѓаните“, рече Мицкоски во видео-обраќање.
Во фокусот на денот, како што рече, бил панелот на кој учествувале водечки светски енергетски компании. „Разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката, особено во производството на електрична енергија“, кажа Мицкоски, кој притоа истакна три клучни поенти од панелот:
Побарувачката на електрична енергија ќе расте два и пол пати побргу од вкупната побарувачка на енергија во светот во наредните години. „Македонија не смее да биде нем набљудувач, туку активен чинител“, порача тој, повикувајќи на рестарт на проекти како Чебрен, Галиште и Бошков Мост.
Во следните десет години, светот ќе треба да изгради капацитети што ќе произведуваат 40.000 терават-часови електрична енергија – што е 5.500 пати повеќе од целата потрошувачка на Македонија, и приближно колку што трошат САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно. Причина за ова е експанзијата на вештачката интелигенција и дата центрите што работат исклучиво на електрична енергија.
Македонија треба да ја диверзифицира економијата и од фокус на автомобилската индустрија да стане значаен играч во енергетиката, користејќи ги постојните ресурси и потенцијали за обновлива енергија.
„Убеден сум дека можеме да успееме како држава во оваа насока“, изјави премиерот.
Македонија
МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 километри на час
Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час.
Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата.
„Тој е санкциониран согласно законските одредби“, велат од МВР.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за зачувување на безбедноста на сите граѓани.
Фото: МВР
Македонија
Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри, најавува УХМР
Облачно време со повремени локални врнежи од снег се очекува утре низ целата земја. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што висината на снежната покривка на планините и на некои повисоки места ќе може да се зголеми и до 25 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу -8 и -2 степени, додека максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, јавува УХМР.
За Скопје се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Во Скопје, исто така, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи околу -6, а максималната ќе биде до 2 степени.
Во наредните денови се очекува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе продолжи претежно стабилно време, со појава на магла во поодделни котлини. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, односно снег на планините и повисоките места.

