Македонија
Британски совет: Обука за Антидискриминација
Британскиот совет во Скопје денеска и утре ќе одржи дводневна обука за обучувачи за превенција и заштита од дискриминација.
Британскиот совет во Скопје денеска и утре ќе одржи дводневна обука за обучувачи за превенција и заштита од дискриминација.Учесници на семинарот ќе бидат претставници од државните институции на централно и локално ниво од областа на социјалната заштита, здравство, внатрешни работи, образование и локална самоуправа.Обуката ќе биде спроведена од две консултантки од Обединетото Кралство и има за цел да го зајакне капацитетот на персоналот во областа на превенцијата и заштитата од дискриминација.Оваа обука е дел од проектот на Британски совет и Министерството за труд и социјална политика во чии рамки беше изработен и прирачник за превенција и заштита од дискриминација. Прирачникот е основа и главен ресурс за понатамошната работа на обучувачите за примена на добра пракса на принципот на еднаков третман и недискриминација со целните групи во горенаведените области, велат од Британскиот совет во Скопје.Прирачникот е изработен од страна на британските консултантки Џералдин Скалион и Шила Роџерс и експертскиот тим од Министерството за труд и социјална политика./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

