Македонија
Тарчуловска: Ако имаат малку грижа на совест нека се повлечат
Ако имаа барем малку грижа на совест нека се повлечат за Јохан да истрае уште малку, веќе се ближи крајот . Ние сме во исчекување на пресудата, се надеваме дека конечно ќе се докаже невиноста на Јохан и дека неговата борба за слобода ќе биде праведна.
Ако имаа барем малку грижа на совест нека се повлечат за Јохан да истрае уште малку, веќе се ближи крајот . Ние сме во исчекување на пресудата, се надеваме дека конечно ќе се докаже невиноста на Јохан и дека неговата борба за слобода ќе биде праведна.
Ова денеска го изјави Соња Тарчуловска, сопруга на единствениот македонски граѓанин кому му се суди за воени злостори во Хаг, Јохан Тарчуловски, пред својот дом во Скопје, за време на посетата на пратениците од ВМРО – ДПМНЕ
Таа ги поздрави сите поддржувачи на нејзиниот сопруг, Јохан Тарчуловски, но и оние кои, како што рече го искористиле името на Јохан за нивната слобода.
Во Основниот суд денеска се одржа судско рочиште за тужбата на Јохан Тарчуловски против Љубе Бошковски и неговата сопруга Виолета. Според тужбата Бошкоски ја поттикнал својата сопруга да изјави дека Јохан дал изјави во Хаг против Љубе Бошкоски.
Тарчуловска вели дека Јохан сака да докаже дека не се вистинити изјавите на Виолета Бошкоска.
„Тука сме од име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да посакаме фер-судење и ослободителна пресуда, затоа што Јохан Тарчуловски беше дел од легитимните безбедносни структури на Македонија кој ја бранеа Македонија и нејзиниот суверенитет“ изјави пратеникот, Влатко Ѓорчев.
Хашкиот трибунал во 2008 година го осуди Јохан Тарчуловски на 12 години затвор за случајот Љуботен. За истиот случај од обвинение беше ослободен Љубе Бошкоски.
Тарчуловски очекува пресуда по жалбата за затворската казна во мај или јуни годинава. Тој е во затворот во Шевенинген од март 2005. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

