Македонија
Новинар на Макфакс – најблиску до Пулицеровата награда

Американскиот интернет портал ProPublica, чија што дејност е истражувачко новинарство од јавен интерес, е добитник на Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за текст посветен на евтаназијата на пациенти во болница во Њу Орлеанс за време на ураганот Катрина во 2005-та година.
Американскиот интернет портал ProPublica, чија што дејност е истражувачко новинарство од јавен интерес, е добитник на Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за текст посветен на еутаназија на пациенти во болница во Њу Орлеанс за време на ураганот Катрина во 2005-та година. Во серијата текстови која што есента 2009-та се објавени на ProPublica работеше и Марко Георгиев, поранешен фотограф на The New York Times. Тој беше единствениот фотограф на The New York Times присутен во Њу Орлеанс, кога по ударот на ураганот Катрина се случуваше хуманитарна катастрофа и безредија, во кои животот го изгубија околу 1.500 луѓе, а речиси 80 отсто од градот беше под вода. Фотографии и сторија на Марко Георгиев се дел од серијата текстови со кои ProPublica конкурираше за добивање на Пулицеровата награда. Георгиев, заедно со новинарот Гордон Расел (добитник на Пулицеровата награда во 2006-та година) биле сведоци на двојно убиство, во кое, била вмешана и полицијата. Георгиев успеал да направи неколку фотографии на кои се гледаат две тела на убиени жители. Полицијата ги забележува двајцата новинари, при што им конфискувала дел од опремата и накратко ги задржале. Сепак, Георгиев, успева да зачува дел од фотографиите, иако му е одземена мемориската картичка од еден од апаратите. Подоцна, тие се објавени на ProPublica и на неколку други медиуми и се една од причините за пошироко новинарско истражување во врска со неразрешените смртни случаи во Њу Орлеанс за време на ураганот Катрина. Еден од серијата текстови е годишен добитник на Пулицеровата награда. Текстот во врска со убиството на кое е сведок фотографот Георгиев, може да го видите тука. Марко Георгиев во моментов е Главен и одговорен уредник на Новинската агенција Макфакс во Скопје, и ова му е втора номинација за Пулицер. /крај/макфакс/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер.
„Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада“, наведува Битиќи.
И затоа, додаде тој, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност.
„Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже“, стои во објавата на Битиќи.
Македонија
Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Меџити: 65 милиони евра за Универзитетскиот кампус и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег во Скопје

Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити.
Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро.
„Сè е подготвено за нивниот почеток. Овие инвестиции ќе донесат долгорочни придобивки за студентите, граѓаните и економскиот развој на Скопје. Во таа насока, денес остварив значаен состанок со министерот за транспорт, Александар Николовски, директорот на Инспекторатот за градежништво и претставници на Општина Чаир, каде што се договоривме за конкретните чекори што ќе го обезбедат итното започнување на овие проекти. Овие инвестиции поставуваат нови темели за урбаното и образовното модернизирање на нашиот град, означувајќи клучен момент за стратешкиот развој на Скопје. Со оваа посветеност, отвораме нова фаза, каде визијата за функционален, иновативен и развоен град се претвора во реалност. Благодарение на меѓуинституционалната координација и заедничката посветеност, многу брзо ќе започне теренската реализација на овие проекти од национално и стратешко значење. Ние ги исполнуваме ветувањата и ја претвораме визијата во реалност!“, напиша Меџити.