Македонија
“Милка карванот“ пристигна во Скопје
Алпската тура под името „Милка караван“ организирана од компанијата за производство на чоколади „Милка“ денеска пристигна во Градскиот парк во Скопје.
Алпската тура под името „Милка караван“ организирана од компанијата за производство на чоколади „Милка“ денеска пристигна во Градскиот парк во Скопје.
Посетителите на карванот, што ќе трае денеска и утре, во период од 10 часот наутро до 19 часот навечер ќе можат да уживаат во 29 интересни активности како скијање на дрвени скии, удирање на ѕвончиња од крави, маскирање во традиционални швајцарски облеки со логото на Милка, трка со тротинети и барање на Милка чоколади во сено.
Водител на манифестацијата „Милка караван“ е познатиот водител Марко Новески.
„Овој караван има и хуманитарен карактер, па така секое дете, кое на 16-ти и 17-ти април во штандовите во Градскиот парк ќе донесе цртеж на своја кравичка со тоа ќе донира по едно чоколадо за децата од СОС детското село“, изјави Милица Ивановиќ бренд менаџер на Милка.
Оваа година Милка алпското чоколадо прославува 110 години постоење.
Следната дестинација на карванот по Македонија е Турција а Милка алпскиот караван ќе трае вкупно 75 дена./крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

