Македонија
Обуки со полициски службеници– Националниот превентивен механизам
Коалицијата “Сите за правично судење” заедно со своите партнер организации во Проектот за поддршка на човековите права и Народниот правобранител ќе одржат две обуки со полициски службеници
Коалицијата “Сите за правично судење” заедно со своите партнер организации во Проектот за поддршка на човековите права и Народниот правобранител ќе одржат две обуки со полициски службеници на кои ќе се промовира новиот инструмент за превенција од тортура – Националниот превентивен механизам .
Обуките ќе бидат дводневни и ќе се одржат денеска и утре (18 април) и 05-06 јуни 2010 во Тренинг Центарот на МВР.Обуките се спроведуваат во соработка со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, а на обуките ќе биде опфатена и темата за правата на лица лишени од слобода.
Обуките се дел од проектните активности на Проектот за поддршка на човекови права кој е поддржан од Европската Унија преку инструментот на EIDHR “Strengthening the Role of Civil Society in Promoting Human Rights and Democratic Reforms “ и од Фондот за жртви од тортура при ООН.
Покрај нив предвидени се и две обуки за затворските служби во втората половина од година, а главна цел на проектот е обезбедување на бесплатна правна помош на потенцијални жртви од полициска злоупотреба или тортура./крај/со/ит/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

