Македонија
АМСМ со промотивни цени на технички преглед и хомологација

Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ) од денеска стартува со промотивни цени за технички преглед од 799 денари и за хомологација од 2830 денари
Авто-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ) од денеска стартува со промотивни цени за технички преглед од 799 денари и за хомологација од 2830 денари.
АМСМ, одлучи да им излезе во пресрет на сите граѓани со намалени цени, со оглед на зголемениот увоз на возилата што произлегува од промената на законските прописи поврзани со возилата.
Промотивните цени стартуваат од понеделник 19 април 2010 во Станицата за технички преглед Скопје – Центар, како и во станицата во Чаир.
Досега регистрација на моторно возило чинеше 1416 денари а од денеска е преполовена на 799 денари.
Истото се однесува и за хомологацијата која досега беше 4800 денари а од денеска чини 2830 ден. Цената на вонредниот технички преглед е 255 денари.
Акцијата на промотивни цени е намената да им помогне и да им олесни на граѓаните и ќе трае до први јули. /крај/со/амсм/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.