Македонија
Кампања: Намалување на дискриминација кон корисници на дрога
Започнува кампањата за намалување на стигма и дискриминација кон лицата кои употребуваат дроги, како дел од годишната програма за работа на Локалниот експертски центар за дроги.
Започнува кампањата за намалување на стигма и дискриминација кон лицата кои употребуваат дроги, како дел од годишната програма за работа на Локалниот експертски центар за дроги. „Целта на кампањата е подигање на свеста и информирање на општата популација во градот Скопје за проблемите со кои се соочуваат корисниците на дроги,“ вели Елеонора Панчевска Николовска од Координативното тело за дроги на Град Скопје. Кампањата ќе се остварува со поставување на постери на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП“- Скопје, прикажување проекции на постери на јавни ѕидни површини во центарот на градот, поставување на билборди на велосипеди кои ќе се движат на различни локации, итн. Завршниот настан на кампањата ќе биде проследен со проекции на постерите и прикажување на театарска претстава на тема „Стигма“, во организација на театарска група „Сенки и облаци.“ Во подготовка и реализација на активностите на кампањата учествуваат членовите на Координативното тело за дроги на Град Скопје, Локалниот експертски центар за дроги на Град Скопје како и членови на организации за заштита на правата и социјално вклучување на лица кои употребуваат дроги и нивните семејства. Во поддршка на кампањата логистички и финансиски се вклучени: Градот Скопје, Координативното тело за дроги на Град Скопје, Здружение на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот, Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП“- Скопје, „Маратон адвертајзинг“ групација, Vision board Alternative media, Црвен крст на Град Скопје и Музеј на Град Скопје./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

