Македонија
ФИООМ:Да не се одложува процесот за бесплатна правна помош“
Да не се одложува процесот за бесплатна правна помош со непочитување на роковите за донесување на подзаконските акти кои се предвидени со Законот.
Да не се одложува процесот за бесплатна правна помош со непочитување на роковите за донесување на подзаконските акти кои се предвидени со Законот.Ова денеска го порачува Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Македонското здружение на млади правници. Ана Медарска од ФИООМ, предупреди дека не треба да продолжи праксата на непочитување на роковите предвидени со Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија, во ситуација кога законските рокови се веќе одминати и не се испочитувани. Од двете организации укажаа на потребата од итно објавување во „Службен весник на Република Македонија“ на подзаконските акти предвидени со Законот за бесплатна правна помош, со што граѓаните на земјата побрзо би дошле до бесплатната правна помош. Законот за бесплатната правна помош беше донесен во декември 2009 година и согласно членот 47 од Законот за бесплатната правна помош, подзаконските акти кои произлегуваат од Законот требаше да бидат донесени до 7 април 2010 година. Од Македонското здружение на млади правници, велат дека до денешниот ден, во „Службен весник на Република Македонија“ сеуште не се објавени подзаконските акти чие донесување е предвидено со Законот. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

