Македонија
Јегуновце под вода
Неколку села во Општина Јегуновце се целосно под вода, а најдраматична е состојбата во селата Раотинце, Копанце и Туденце.
Неколку села во Општина Јегуновце се целосно под вода, а најдраматична е состојбата во селата Раотинце, Копанце и Туденце.
Надојдените води од Вардар се излеале од коритото и поплавиле огромни обработливи површини и овоштарници, а водата почнала да навлегува и по домовите.
Жителите на овие села непрекинато дежураат правејќи канали да спречат поголеми штети во своите куќи.
“Никој ништо не прави. Политичарите само доаѓаат, се сликаат и си заминуваат, а проблемите остануваат“ вели жител на Раотинце.
Тој додава дека на состојбата “кумувало“ и испуштањето вода од Мавровското езеро.
На терен екипата на Макфакс не забележа ниту една надлежна служба која би помогнала околу санирањето на поплавите. /продолжува/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.