Македонија
Вардар излеан во тетовско – поплавени три села
Излеаниот Вардар во атарот на селата Туденце, Копанце и Раотинце поплави повеќе куќи, а под вода се и големи површини на плодно земјиште.
Излеаниот Вардар во атарот на селата Туденце, Копанце и Раотинце поплави повеќе куќи, а под вода се и големи површини на плодно земјиште. Во Туденце поплавени се подрумите, приземните простории на 17 од вкупно 250 куќи. Дополнителен проблем претставува и излевањето на фекалните води од септичките јами, што може да предизвика опасност од зарази.
Слична е состојбата и во Копанце, каде што на удар се куќите во близина на Вардар.Во моментот на терен се претставници на Комисијата за утврдување на штетите при општина Јегуновце. „Водата е навлезена во подрумите, а кај некои куќи и во приземјето. Сега ги документираме штетите“, изјави Али Вејсели, член на комисијата. Жителите на трите најпогодени села се незадоволни од односот на државата која, според нив, не прави ништо за да им помогне. Состојбата со водостојот на Вардар во овој дел засега е непроменета, односно нивото ниту се качува, ниту се намалува./крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.